Георге Мурешан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Георге Мурешан

Мурешан во 2014

Лични информации
Роден на 14 февруари 1971 (1971-02-14) (49 г.)
Роден во Тритениј Де Жос, Романија
Националност Романија Романија
Висина 2,32 м
Тежина 147 кг
Позиција центар
Информации за кариерата
Драфт 1993 / Рунда: 2 / Пик: 30
Избран од:
Вашингтон Вашингтон Булетс
Проф. кариера 1991—2006
Сениорски клубови
Години: Клубови:
1991-1992
1992-1993
1993-1995
1995
1995-1999
1999-2000
2000-2001
2005-2006
Университатеја Клуж Университатеја Клуж
По Ортез По Ортез
Вашингтон Вашингтон Булетс
По Ортез По Ортез
Вашингтон Вашингтон Булетс
Њу Џерси нетс Њу Џерси Нетс
По Ортез По Ортез
Мериленд Најтхокс Мериленд Најтхокс
Репрезентација
1992–2003 Романија Романија


Георге Мурешан е поранешен романски кошаркар, кој играл на позицијата центар.

Својата кариера ја започнал во својата родна Романија, каде играл за Универистатеја Клуж, а потоа играл една сезона во По Ортез, пред да се пресели во НБА лигата каде настапувал за Вашингтон Булетс и Њу Џерси Нетс. Кариерата ја завршил во По Ортез во одигрувањето на сезоната 2000-2001.

Мурешан е првиот и до денес единствениот романец кој заиграл во НБА лигата. Тој исто така е познат како највискиот играч во историјата на НБА лигата со 2,32 височина.

Животопис[уреди | уреди извор]

Мурешан е роден во Тритениј Де Жос,[1] Округот Клуж, Романија. Иако неговите родители биле со нормална висина, тој се извишил во неговата извонредна висина поради нарушување на хипофизата.[2]

Мурешан е оженет со сопругата Лилиана со која имаат два сина Георге и Виктор и живееле во Франклин Лејкс,[3] пред да се преселат во Вашингтон[4] Неговиот најстар син, Георге, играл кошарка за Џорџтаун Хојас на Универзитетот Џорџтаун.

Кариера[уреди | уреди извор]

Мурешан ја започнал кариерата во екипата на Универистатеја Клуж, станувајќи национален шампион во сезоната 1991-1992.[5][6] Потоа тој се преселил во екипата на По Ортез со која играл во француското првенство во текот на сезоната 1992–1993, и веднаш успеал да ги придобие симпатиите на навивачите како и интересот на НБА скаутите.[5]

Мурешан бил избран како 30-ти пик вкупно на НБА драфтот 1993 од екипата на Вашингтон Булетс.[7] Тој играл во НБА лигата од 1993 до 2000 година покажувајќи знаци на перспективна кариера која била отповргната од повреди. Неговата најдобра сезона била во кампањата 1995-1996, кога тој просечно постигнувал по 14,5 поени по натпревар. На 8 ноември 1995, ги постигнал највисоките во НБА кариерата 31 поен во победата со 110-96 над Шарлот Хорнетс. Во оваа сезона Мурешан бил прогалсен за НБА играч кој најмногу напредувал бележејќи просек од 14,5 поени, 9,6 скока и 2,2 блокади по натпревар додека во исто време бил лидер во лигата по процент на погодени шутеви од игра со 58,4%. Следната сезона тој повторно бил најдобар во НБА во овој статистички сегмент, поправајќи го просекот до 60,4%. Тој одиграл три натпревари и во плејофот со просек од 5 поени, 6 скока и 1,3 блокади во кој Булетс биле поразени со максимални 3-0 од подоцнежниот шампион Чикаго Булс. Сезоната 1996-1997, била и последна за Мурешан во дресот на Булетс, затоа што целата следна сезона ја пропуштил поради повреда. За Вашингтон Булетс одиграл вкупно 276 натпревари со просек од 10,6 поени, 6,4 скокови и 1,5 блокади.

Во сезоната 1998-1999 Мурешан потпишал за Њу Џерси Нетс, меѓутоа одиграл само еден натпревар за клубот во текот на неговата прва сезона поради повреди. Во неговата последна сезона во НБА, тој одиграл 30 натпревари во дресот на Нетс со просек од 3,5 поени и 2,3 скока. Низ целата своја НБА кариера го носел дресот со број 77, во знак на неговата висина (7'7 инчи).

По завршувањето на кариерата во НБА лигата, Мурешан имал уште еден период во По Ортез каде ја освоил титулата во француското првенство пред да се врати во САД да живее со семејството.[5]

На 11 март 2007 година, Мурешан одиграл натпревар за Мериленд Најтхокс како дел од највисоката постава во историјата на кошарката.[8] Тоа бил единствениот кошаркарски натпревар во кој Мурешан не бил највисокиот играч на теренот, тоа бил Сун Мингминг со 2,36 метри.

Титули и награди[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

1991-1992 со Универистатеја Клуж
2000-2001 со По Ортез

Индивидуални[уреди | уреди извор]

1995-1996
1995-1996, 1996-1997

Статистика[уреди | уреди извор]

НБА[уреди | уреди извор]

Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три поени  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата
* Лидер во лигата

Регуларна сезона[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
1993–94 Вашингтон Вашингтон Булетс 54 2 12.0 .545 .000 .676 3.6 0.3 0.5 0.9 5.6
1994–95 Вашингтон Вашингтон Булетс 73 58 23.6 .560 .000 .709 6.7 0.5 0.7 1.7 10.0
1995–96 Вашингтон Вашингтон Булетс 76 76 29.5 .584* .000 .619 9.6 0.7 0.7 2.3 14.5
1996–97 Вашингтон Вашингтон Булетс 73 69 25.3 .604* .000 .618 6.6 0.4 0.6 1.3 10.6
1998–99 Њу Џерси нетс Њу Џерси Нетс 1 0 1.0 .000 .000 .000 0.0 0.0 0.0 0.0 0.0
1999–00 Њу Џерси нетс Њу Џерси Нетс 30 2 8.9 .456 .000 .605 2.3 0.3 0.0 0.4 3.5
Кариера 307 207 21.9 .573 .000 .644 6.4 0.5 0.6 1.5 9.8

Плејоф[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
1997 Вашингтон Вашингтон Булетс 3 3 23.3 .444 .000 .875 6.0 0.0 0.0 1.3 5.0

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Insider, Romania. „Famous Romanians: Gheorghe (Ghita) Muresan | Romania Insider“. www.romania-insider.com (англиски). Посетено на 2018-10-25.
  2. „Georghe Muresan“. giantbasketball.com. Giant Basketball Academy. Архивирано од изворникот на 2010-05-25. Посетено на 2012-01-30.
  3. „Giant undertaking“. The Washington Times. February 6, 2004. Посетено на May 26, 2011. That was how the former Washington Bullets center and one-time movie actor—he appeared with Billy Crystal in My Giant—spent most of the past few years: being with his wife, tending his two sons and taking care of their home in Franklin Lakes, N.J.
  4. „Whatever happened to Gheorghe Muresan?“. HoopsHype.com. Посетено на 2017-03-03.
  5. 5,0 5,1 5,2 „SPECIAL GSP Ghiță Mureșan vorbește sincer și direct despre viața în America și despre baschetul românesc: "85% dintre jucătorii care se retrag din NBA rămân fără bani!" [SPECIAL GSP Ghiță Mureșan speaks honestly and directly about life in America and about Romanian basketball: "85% of the players who retire from the NBA remain without money!"] (романски). Gsp.ro. 19 June 2018. Посетено на 1 September 2019.
  6. „Ghiță Mureșan, după 30 de ani în baschet: "Nu sunt flămând după popularitate" [Ghiță Mureșan, after 30 years in basketball: "I'm not hungry for popularity"] (романски). Pressone.ro. 12 December 2018. Посетено на 1 September 2019.
  7. „1993 NBA Draft“. Basketball-Reference.com. Посетено на 2008-11-28.
  8. „Land Of The Giants“, Deadspin.com, 2007-03-21, Посетено на 2013-09-28

Надворешни врски[уреди | уреди извор]