Манекен Пис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Манекен Пис во Брисел

Манекен Пис (хол. Manneken Pis - "момчето кое мокри"), што уште се нарекува и Малиот Џулиен, е скулптура во вид на фонтана на која е претставено момче кое мокри. Toa е еден од симболите на белгискиот главен град Брисел[1].

Историјат[уреди | уреди извор]

Времето и околностите на создавањето на скулптурата се непознати. Според некои информации таа постоела уште во XV век, а можно e и од 1388 година.

Во Брисел постои предание дека статуата е поставена за да потсетува настаните од Гримбергенската војна, кога лулката со синот на војводата Готфрид III Лувенски била закачена на едно дрво, за да може идниот монарх со својот изглед да ги воодушевува граѓаните, а детето оттаму мокрело врз војниците под него.

Според друго предание, статуата првично била наменета да ги потсетува граѓаните на детето што ги изгаснало огновите запалени од страна на непријателот, мокрејќи врз нив од градските ѕидини.

Денешниот изглед скулптурата го добила во 1619 година благодарение на мајсторството на Жером Дикенуа - дворски вајар - манирист, татко на попознатиот Франсоа Дикенуа. Од 1695 година наваму скулптурата неколкупати била крадена, вклучувајќи го и периодот на престој на Наполеоновите војници во градот (за последен пат статуата е украдена во 60-тите години на дваесеттиот век, по што уште еднаш е заменета со копија). Денес оригиналот се чува во Maison du Roi.

Слични скулптури[уреди | уреди извор]

Слични скулптури на Манекен Пис има и во белгиските градови Гент, Хаселт и Герардсберген.

Со намера да се задржи славата со вакви фонтани, во 1985 година биле поставени и скулптури на Жанеке Пис (Jeanneke pis - Девојчето кое мокри) и Зинеке Пис (Zinneke Pis - Кучето кое мокри).

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Manneken-Pis, www.brussels.be Архивирано на 23 август 2011 г. (анг.)