Малта учествувала на Детскиот избор за песна на Евровизија уште од неговото основање во 2003 година. Тие биле редовен учесник од основањето па сè до 2011 година кога се повлекле од натпреварувањето бидејќи немале многу охрабрувачки резултати, меѓутоа се вратиле во 2013 и од тогаш имаат две први места (во 2013 и 2015) и едно четврто.