Македонски чистец
| Македонски чистец | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Оддел: | Скриеносеменици |
| Ред: | Розовидни |
| Вид: | Македонски чистец |
| Научен назив | |
| Stachys arenaria Micevski | |
Македонски чистец (науч. Stachys arenaria, син. macedonica)— месен македонски флористички ендемит од семејството на устоцветни растенија (Lamiaceae), кој се развива на варовнички карпи[1], претежно во клисурите на реките. На просторот и во флората на Македонија се три подвидови на македонски чистец, опишани од познатиот македонски флорист, таксоном и фитоценолог академик Кирил Мицевски[2]: 1) Чистец, бабунски (науч. Stachys babunensis) кој се развива на варовничките карпи во клисурата Пешти на реката Бабуна; 2) Чистец, македонски (науч. Stachys babunensis) познат само за околината на Мариово и долината на реката Вардар кај Демир Капија и 3) Чистец, хорватиќев (науч. Stachys horvaticii) познат за клисурите на реките Вардар, Пчиња, Тополка и Бабуна[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Матевски, Владо (2009). „Чистец, македонски“. Во Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1625–1626. ISBN 978-608-203-024-1 (2) Проверете ја вредноста
|isbn=: invalid character (help).CS1-одржување: користи параметар editors (link) - ↑ Micevski, K. (1998): Flora in the Republic of Macedonia. MANU, 1.