Македонска ренесанса
Македонска ренесанса е поим што се користи за да се означи периодот на Византија под Македонската династија (867-1056), којшто некои научници го сметаат за период со зголемен интерес кон класичната школа и прифаѓање на класични мотиви во христијанските теми. Други варијанти на терминот се: Средна византиска ренесанса или Прва византиска ренесанса (Палеолошка ренесанса од 13 век е втората). Македонска уметност се однесува на уметноста од тој период.
Поради тоа што терминот ренесанса е создаден во 15 век од страна на италијански хуманисти за да го опишат времето во кое живееле, користењето на терминот надвор од овој контекст е проблем, сепак периодот со сигурност создал идеи и уметнички дела коишто рефлектираат класични идеи.[1]
Терминот Македонска ренесанса прво е употребен од Курт Вајцман во The Joshua Roll; a work of the Macedonian Renaissance, Studies in Manuscript Illumunation III (Princeton, 1948).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Leslie Brubaker (1987). "Macedonian Renaissance". In Dictionary of the Middle Ages.