Мадагаскарски план

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мадагаскар на картата на Африка

Мадагаскарски план — предлог на нацистичката влада на Третиот Рајх за депортирање на еврејското население во Европа на островот Мадагаскар. Франц Радемахер, шеф на еврејското одделение на Министерството за надворешни работи за германската влада, ја предложиl идејата во јуни 1940 година, непосредно пред Падот на Франција.

Идејата за депортирање на Полските Евреи на Мадагаскар била истражена од страна на полската влада во 1937 година[1][2], но целната група испратена за да го оцени потенцијалот на островот утврдила дека може да се сместат само 5.000 до 7.000 семејства. Бидејќи напорите на нацистите за поттикнување на емиграцијата на еврејското население во Германија пред Втората светска војна биле само делумно успешни, идејата за депортирање на Евреите на Мадагаскар била обновена од нацистичката влада во 1940 година.

Радемахер препорачал на 3 јуни 1940 година дека Мадагаскар треба да биде достапен како одредиште за Евреите од Европа. Со одобрувањето на Адолф Хитлер, Адолф Ајхман објавил меморандум на 15 август 1940 година, повикувајќи на преселба на еден милион Евреи годишно за периот од четири години, со тоа што островот би бил раководен како полициска држава под контрола на СС. Властите сметале дека многу Евреи ќе подлегнат на своите сурови услови, доколку планот биде имплементиран[3]. Планот не беил остварлив поради британската поморска блокада. Планот бил одложен откако нацистите ја изгубиле Битката за Британија во септември 1940 година, и истата била трајно одложена во 1942 година со започнувањето на т.н. Конечно решение.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Browning 2004, стр. 82.
  2. Nicosia 2008, стр. 280.
  3. Longerich 2010, стр. 162.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]