Магија (серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Магична Привлечност
Податотека:Sortilegio-protagonistas.jpg
Жаклин Бракамонтес и Вилијам Леви во главните улоги
Жанртеленовела
Создадена одМарија Заратини
УлогиЖаклин Бракамонтес
Вилијам Леви
Габриел Сото
Даниела Ромо
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди90
Продукција
Извршен продуцент(и)Карла Естрада
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал 2
Првично прикажување1 јуни 2009 – 16 октомври 2009
Хронологија
СледбеникЛудо срце
Надворешни врски
Мрежна страницаwww2.esmas.com/entretenimiento/telenovelas/sortilegio/

Магична Привлечност (шпански јазик: Sortilegio) е мексиканска теленовела. Ова е всушност адаптација на мексиканската теленовела од 1985 серијата „Tu o Nadie“. Римејкот ѝ падна чест да го работи Карла Естрада со популарна глумечка екипа меѓу кои се: Жаклин Бракамонтес, Вилијам Леви, Габриел Сото, Шантал Андер, Даниела Ромо и др.

Дејство[уреди | уреди извор]

Антонио Ломбардо, успешен стопанственик ненамерно се заљубува во Викторија, жената на неговиот најдобар пријател, Самуел. Од тој однос се родиле Бруно и Ракел, но Антонио не успева да ги запознае поради тоа што Самуел заминува со Викторија за Европа уште пред да се родат децата. Неколку години подоцна, Антонио и Викторија се среќаваат повторно, и овој пат двајцата сакаат да стапат во брак и заедно да живеат покрај Бруно, Ракел и Алекс, син на Антонио од својата почината сопруга, Адријана. Децата растат без да ја знаат вистината за нивниот биолошки татко. Бруно апсолутно го одбива Алекс, сметајќи го премногу агресивен и примитивен, па нивниот однос и не е баш најдобар.

Антонио, разочаран од бунтовните и неодговорните ставови на Бруно и Ракел, за свој единствен наследник го именува Алекс. Откако го прави тоа тој ѝ ја сооштува веста на Викторија, па тие двајца влегуваат во остра кавга. Изненадно, Антонио умира, па Алекс е оставен сам да се грижи за фамилијата Ломбардо и да ја поднесува омразата која демнее врз него.

Бруно запознава убава и едноставна девојка од провинцијата, Марија Хосе, и ѝ нуди брак само поради тоа што сака да го уништи Алекс, и се претставува во негово име. Откако по несреќата која тој му ја намести, Алекс го прогласуваат за мртов, а всушност е ранет, вистината излегува на виделина кога Алекс се појавува жив и ги изненадува сите особено Бруно. Неговата вдовица, сега мора да се справи со фактот дека нејзиниот маж е повторно жив и дека не се сеќава дека бил женет пред да доживее несреќа. Но, по игра на случајноста, Алекс кој е изненаден од фактот дека е венчан и дека има сопруга, доживува неверојатна љубовна магија кон својата “нова” сопруга.

Но, љубовта на двајцата ќе биде следена од злобните игри на негативците Бруно и Маура, чија единствена цел е да им ги уништат животите и да ја уништат нивната магија.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Жаклин Бракамонтес Марија Хосе Миранда Салмањехо
Вилијам Леви Алехандро Ломбардо
Даниела Ромо Викторија Ломбардо
Давид Зепеда Бруно Албениз
Ана Бренда Контрерас Маура Албаран
Шантал Андер Ракел Албениз
Габриел Сото Фернандо Аналис
Марсело Кордоба Роберто Кастелар
Венди Гонсалес Паола Миранда Салмањехо

Надворешни врски[уреди | уреди извор]