Лудо срце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лудо срце
Податотека:Blendcs.png
Главните ликови во серијата
Жанртеленовела
УлогиАрасели Арамбула Едуардо Јањез
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди135
Продукција
Извршен продуцент(и)Салвадор Мехија Алехандре
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал 2
Првично прикажување12 октомври 2009 – 16 април 2010
Хронологија
Следбеникнепознато
Надворешни врски
Мрежна страницаwww2.esmas.com/entretenimiento/telenovelas/corazon-salvaje/

Лудо срце (шпански јазик: Corazón Salvaje) е мексиканска теленовела, римејк на истоимената теленовела од 1993 година. Ова е всушност шестата адаптација на оваа приказна. Во најновата верзија како главни глумци се појавуваат Арасели Арамбула и Едуардо Јањез. Серијата не доживеа огромен успех во Мексико, а особено голем број беа негативните коментари од публиката и критичарите.

Дејство[уреди | уреди извор]

Приказната започнува со Марија дел Росарио и Хуан де Диос, двајца заљубени но разделени поради различноста на нивните социјални класи. Таа, млада девојка од високата класа од Веракроз; тој, прост рибар. Родриго, еден од најмоќните и влијателни луѓе во градот, збеснува кога дознава дека тие двајца сакаат да ја крунисаат својата љубов. Тој го праќа Хуан во затвор и со помош на Леонарда, сестрата на Марија дел Росарио, ја држат девојката во хациендата, каде таму раѓа син, плод од нивната забранета љубов. Хуан де Диос, излегува од затвор, и следен од Родриго, доживува бродолом. Леонарда прави да исчезне детето и ја носи Марија дел Росарио недалеку од хациндата кажувајќи ѝ дека Хуан де Диос е мртов. Родриго, очаен, го презира признанието на Леонарда дека го сака и заминува за Европа, од каде што подоцна се враќа оженет за Констанца. Леонарда се мажи за Ноел, адвокатот на фамилијата, и го раѓа Ренато.

Хуан де Диос, кој всушност останал жив од бродоломот открива дека неговиот син бил напуштен на планината и пронајден од Ремихио а подоцна посвоен од Аурора, која му го дала името Хуан дел Диос, по името што било напишано на ливчето во наметката каде што бил. Неколку години подоцна, рибарот го бара својот син ѝ му ја кажува целата приказна и да го казни човекот кој му го уништил животот, Родриго. Пред гробот на неговиот татко, тој се колни на одмазда и го променува името во Хуан дел Диабло. Без разлика, тој ги запознава ќерките близначки на Родрио, Аимè и Рехина, и доживува дива страст кон Аимè.

Рехина го сака Ренато, но кога тој се заљубува во Аимè, Рехина решува да стане калуѓерка. Аимè се жени за Ренато но и понатаму се гледа со Хуан. Кога тие планираат да избегат, Ренато ги открива, но Рехина ги штити кажувајќи му дека всушност таа била девојката што треба да избега со Хуан, а не сестра ѝ. По случкава, решен да заборави дека Аимè можеби имала врска со Хуан, тој ја присилува Рехина да се венча за Хуан. Хуан го прифаќа бракот мислејќи дека тоа ќе му дојде добро поради тоа што сака да се одмазди за злоделата на нивниот татко. Како и да е, запознавајќи се, и двајцата откриваат дека се родени еден за друг, и дека љубовта е посилна од омразата и одмаздата.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Арасели Арамбула Рехина / Аиме Монтес де Ока
Едуардо Јањез Хуан дел Диабло
Кристијан де ла Фуенте Ренато Монтес де Ока
Хелена Рохо Леонарда Монтес де Ока де Видал
Марија Рохо Клеменсија
Лаура Флорес Марија дел Росарио Монтес де Ока
Енрике Роча Родриго Монтес де Ока
Елизабет Гутиерез Росенда

Надворешни врски[уреди | уреди извор]