Лупилка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Права, австралиска и Y лупилка
Користење на лупилка

Лупилкакујнски прибор кој се состои од метално сечило прицврстено на рачка која се користи за отстранување на надворешната кожа или кора на некои видови зеленчук како компири, моркови, модри патлиџани, тиквички и др. и разно овошје како јаболка, круши и др. Ножот за лупење исто така може да се користи за лупење на зеленчук и овошје. Лупилката се разликува од ножот со тоа што сечилото има процеп кој е наострен во внатрешната страна, додека другата страна на сечилото спречува острицата предлабоко да се зарие во зеленчукот или овошјето.

Преглед[уреди | уреди извор]

Денес постојат бројни дизајни на лупилки. Најголемиот број лупилки се или прави или во Y облик, додека посебни дизајни варираат во зависност од регионот и личните претпочитувања.

Прави лупилки[уреди | уреди извор]

Правите лупилки се слични на ножот, со тоа што наместо обично сечило имаат сечило со процеп. Сечилото може да биде фиксно или да се врти.

Y лупилки[уреди | уреди извор]

Кај овие лупилки сечилото е поставено нормално на рачката и според дизајнот потсетуваат на безбедносните бричалки. Повеќето вакви лупилки имаат „окце“ покрај сечилото за отстранување на дамки и други недостатоци на компирите.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]