Луда куќа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Луда куќа
Податотека:Ab Fab series 5 title card.jpg
Логото на последната сезона
Создадена одЏенифер Сондерс
Дон Френч
УлогиЏенифер Сондерс
Џоена Ламли
Џулија Савала
Џун Витфилд
Џејн Хорокс
Земја на потеклоВелика Британија
Бр. на сезони5
Бр. на епизоди31 (+8 специјални)
Производство
ВреметраењеОколу 30 минути
Прикажување
Првична мрежаBBC
Првично прикажување12 ноември 1992 – 11 март 2005
Надворешни врски
Мрежна страницаbbc.co.uk/programmes/b00jm3ms

Луда куќа (англиски: Absolutely Fabulous) е британска серија напишана од Џенифер Сондерс, која и ја глуми главната улога, заедно со Џоена Ламли, Џулија Савала и Џун Витфилд. Емитувана е на BBC од 1992 до 2005. Популарен краток назив за серијата е AbFab. Во 2004, дојде на 17-то место на анкетата Најдобриот британски ситком.

Ние имавме прилика да ја гледаме на Сител телевизија.

Позадина[уреди | уреди извор]

Луда куќа никна од џинглот во Френч и Сондерс наречен Модерна Мајка и Ќерка, а во него глумела Џенифер Сондерс како мајката и Дон Френч како ќерката.

Дејство[уреди | уреди извор]

Едина Монсун и Петси Стоун се две незрели пријателки, кои се опседнати со мода, дебелина, алкохол и дрога. Сафрон, ќерката на Едина, тотално се разликува од неа. Едина и Сафи живеат во куќа во Холанд Парк, а Петси најголемиот дел од нејзиното време го поминува таму.

Серијата се врти околу упорноста на Еди да стане славна и успешна и покрај неодобрувањата на ќерка и и константното присуство на нејзината сè посенилна мајка. Однесувањето на Петси често ја вовлекува во конфликти. Голем дел од комедијата во серијата е физичка, обично кога Еди и Петси се пијани или издрогирани. Исто така, конфликтите меѓу Петси и Сафи кога станува збор за Еди се чести.

Насловна песна[уреди | уреди извор]

Насловната песна се вика This Wheel’s on Fire, напишана од Боб Дилан и Рик Данко, а изведувана од повеќе артисти.

Додатно, и Pet Shop Boys снимија песна за Comic Relief во 1994, користејќи извадоци од дијалозите во серијата.

Прифатливост[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што главните ликови конзумираат алкохол и дрога, се неодговорни и често прават нелегални работи, серијата стекна голема популарност и верна публика, но и лоша прифатеност од некои групи. Серијата беше популарна во Британија, а и во други земји.

Други верзии[уреди | уреди извор]

Хумористичната серија Сибил е американска верзија на Луда куќа, иако ги нема истите одлики.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]