Лозница (град во Бугарија)

Координати: 43°22′17″N 26°35′55″E / 43.371481° СГШ; 26.598731° ИГД / 43.371481; 26.598731
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лозница
Лозница
град
Знаме на Лозница
Лозница is located in Бугарија
Лозница
Лозница
Местоположба на Лозница во Бугарија
Координати: 43°22′17″N 26°35′55″E / 43.371481° СГШ; 26.598731° ИГД / 43.371481; 26.598731
ЗемјаБугарија
ОбластРазград
ОпштинаЛозница
Управа
 • ГрадоначалникСевгин Шукри (ДПС)
Површина
 • Вкупна24,13 км2 (9,32 ми2)
Надм. вис.&10000000000000214000000214 м
Население (2022)
 • Вкупно2,098
 • Густина87/км2 (230/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код7290
Повик. бр.+359 08475
Мреж. местоloznitsa.bg

Лозница (бугарски: Лозница) — гратче во Североисточна Бугарија, административен центар на општината Лозница во Разградската Област. Има население од околу 2.098 жители (2022).[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Лозница се наоѓа во источниот дел на Дунавската Рамнина. Гратчето се наоѓа на 20 километри јужно од регионалниот центар Разград и на 19 километри северно од Трговиште.

Историја[уреди | уреди извор]

Првото познато име на населбата било Кубад’н (на турски: раскрсница, спој на 7 патишта), спомнато во рускиот регистар од 1573 година. Во 1877 година во населбата имало 66 домаќинства.

По ослободувањето на Бугарија од османлиската власт, во селото се населиле балканџии привлечени од богатата природа и погодната локација. Во 1908 година било изградено првото училиште со доброволен труд и средства од побогатите. Во 1934 година селото Кубад’н било преименувано во Лозница.

Во втората половина на 20 век, Лозница се здобила со нов развоен план, чиј автор е арх. Стојко Дончев.[2] Според неговиот проект се изградени и зградата на општината, читалиштето, киното и автобуската станица, спортската сала и здравствената служба. Зградата на поштата е дизајнирана од арх. Антонија Бранкова, а хотелот — на арх. Ристо Мангов. Лозница била прогласена за град на 4 септември 1974 година.

Личности[уреди | уреди извор]

  • Пенчо Кубадински (1918 – 1995), политик од БКП

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Василев, Димитър (бр. 9 / 1972). „Архитектурният образ на село Лозница“. сп. "Архитектура". Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]