Прејди на содржината

Лица и усни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лица и усни
Жанркомедија
теленовела
Создадена одВалцир Караско
УлогиФлавија Алесандра
Малвино Салвадор
Дебора Евелин
Ингрид Гимарес
Воведна тема"Caras e bocas", Chicas
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизодиво емитување
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Првично прикажување13 април 2008 – непознато
Хронологија
СледбеникДобар ден, Франкештајн (2010)
Надворешни врски
Мрежна страницаcarasebocas.globo.com

Лица и усни (португалски јазик: Caras & Bocas) е бразилска телекомедија. Серијата во Бразил започна со прикажување на 13 април 2009 год.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Приказната започнува со љубовта помеѓу Дафне и Габриел пред 15 години кога се запознаваат за време на еден курс по мечување. И покрај тоа што се сакаат, двајцата живеат во постојан конфликт, бидејќи ниту еден од двајцата не сака да попушти: тој е вистински мачо, а таа е модерна жена. Интересот кон искуството е една од малите нешта помеѓу нив. Габриел е чувствителен и талентиран уметник, кој не располага со многу средства, па затоа и студира благодарение на стипендијата. Дафне е богата внука на сопственичка на една компанија за дијаманти, не е многу талентирана со четките, но умее да го оценува искуството и сонува да отвори сопствена галерија.

И не само темпераментот на двајцата им се препречува во врската. Откако открива дека внука му е следена поради интерес, Жак се обидува да ги раздели. Со помошта на сопругата Леа, тој успева да ја осигура стипендијата за Габриел да учи во Лондон. Откако открива дека неговата внука е бремена, тој размислува да го назначи Габриел како управител на компанијата. Џудит, ќерката на Леа, сонува да управува со компанијата. Па поради тоа таа му се попречува во нивната љубов и Габриел ја напушта земјата без да знае дека Дафне е бремена, убеден дека свршеницата го измамила со друг, а Дафне верува дека тој ја оставил поради тоа што не сакал да ја одржува ќерка си.

Поминуваат 15 години, Дафне станала уверена жена, реализирана и професионалка, но останала сама. Таа го извршува нејзиниот сон – отвора сопствена галерија за која сонувала како мала. Но во приватниот живот е разочарана, бидејќи ја изгубила својата најголема љубов, Габриел, после кој ветила дека никогаш повеќе нема да се вљуби и да не се предава вистински на еден маж. Срцето и е затворено.

После решението на внуката дека не се мажи за никого, Жак се чувствува виновен за осаменоста. Освен тоа тој се колеба поради тоа што мисли дека Дафне нема да знае како да го управува бизнисот, кога ќе го наследи еден ден. Старецот се исполнува со надеж, кога Висенте, млад адвокат и син на неговиот пријател, се заљубува во неговата внука.

Глумци Ликови
Флавија Алесандра Дафне Бастос Конти
Малвино Салвадор Габриел Батиста да Силва
Ингрид Гуимараес Симоне
Хенри Кастели Висенте
Изабел Друмонд Бианка Бастос Конти да Силва
Сидни Сампаио Бенхамин Абрахим
Фернанда Мачадо Лаис
Сержио Мароне Николас Силвеира Лонтра

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]