Ленче Илкова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ленче Илкова
Лични податоци
Роден(а) 4 октомври 1984(1984-10-04)(39 г.)
Струмица, Македонија
Националност Македонија Македонка
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција Пивот
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија ЖРК Гевгелија
Број 11

Ленче Илкова (родена на 4 октомври 1984) — македонска ракометарка која игра за ЖРК Гевгелија.

Кариера[уреди | уреди извор]

Илкова ја започнала својата кариера во РК Млаз Богданци (2002–2003), а потоа четири сезони била дел од екипата на Еуростандард ЃП Скопје (2003–2006). Во сезоната 2007/08, таа се приклучила на екипата на македонскиот шампион Кометал Ѓорче Петров Скопје со која играла во лигата на шампионите, но откако клубот се соочил со финансиски проблеми, таа се преселила во турското првенство, во екипата на Муратпаша од Анталија, каде што поминала само една сезона, пред да се приклучи на Усќудар Беледијеспор од Истанбул.

Во сезоната 2013/14, Илкова се приклучила на Енимахале од Анкара. Со клубот таа ја освоила титулата во турското првенство во сезоните 2014/15 и 2015/16. Во летото 2018 година, таа се преселила во редовите на Кастамону Беледијеси.[1]

По речиси 13 години интернационална кариера, Илкова се вратила во Македонија во сезоната 2022/23, потпишувајќи за екипата на Гевгелија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]