Левијатан (книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Насловна страница на книгата, дело на Абрахам Бос во соработка со Хобс

Левијатан“ е политичко-филозофско дело на англискиот материјалист Томас Хобс, објавен во 1651 година.[1] Станува збор за митското суштество левијатан кој има хебрејско потекло и значи „морска неман“, „голем брод“ или „силен човек“.

Кај Хобс, левијатан е суверена државна власт (за него најдобра форма е апсолутна монархијата), која е потребна за да се присилат луѓето на своите обврски.[2] Затоа луѓето склучуваат договори за „својата моќ и сила од еден човек да се пренесе на еден човек или на неколку луѓе“, и така што создадат државна заедница. Инаку, луѓето би се вратиле во природна состојба во која човекот на човек е волк, ако немало општествен договор на основа на разумните правила да не прават на другиот ништо што не би сакале ним да им го прават.

Наводи[уреди]

  1. „Политичката филозофија на Томас Хобс“ (на Македонски). МК Револуција. Петок, Април 05 2013. http://mkrevolucija.com.ixia.arvixe.com/zhivot/item/2523-politickata-filozofija-na-tomas-hobs. конс. 16 април 2013. 
  2. Hobbes's Moral and Political Philosophy“. Stanford Encyclopedia of Philosophy. (проверено на 11 март 2009)

Надворешни врски[уреди]