Лаура Липман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лаура Липман
LauraLippman.jpg
Липман на Фестивалот за книги на Лос Анџелес Тајмс во 2008
Роден/а31 јануари 1959 (1959-01-31) (63 г.)
Атланта, Џорџија
ЗанимањеПисателка
ПредметДетективски роман
Значајни наградиАгата, Ентони, Едгар, Неро, Бери, Макавити, Странд и Шамус
Сопруг/аДејвид Сајмон
мрежно место
http://www.lauralippman.com/

Лаура Липман (родена на 31 јануари 1959) е американска писателка на детективски романи.

Животопис[уреди | уреди извор]

Лаура Липман живее во Балтимор каде во текот на 12 години работела како новинарка во весникот „Балтимор сан“, а исто така пишувала текстови и за „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“.

Творештво[уреди | уреди извор]

Липман е најпозната како автор на серијата книги за приватната детективка Тес Монаган, чие дејство се одвиваат во Балтимор. Исто така, таа има објавено и два романа во кои не се појавува Монаган: „Секое тајно нешто“ (Every secret thing) и „На трет степен“ (To the power of three). За своите дела, таа ги освоила речиси сите поважни американски награди, кои се доделуваат за најдобри криминалистички раскази. Нејзиниот расказ „Диета со чист кокаин (или, како да ослабите и да го промените својот живот само за еден викенд)“ е објавен на македонски јазик во 2010 година, во збирката „Кокаински хроники“, во издание на „Темплум“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 22.