Лампетија
Лампетија (грчки: Λαμπετίη или Λαμπετία) во старогрчката митологија била ќерка на богот Хелиј и нереидата Неера, и сестра на Фаетуса.
Митологија
[уреди | уреди извор]Опишана е како убавокоса ќерка на богот Хелиј. Штом пораснала, мајка ѝ веднаш ја испратила на островот Тринакија да ги чува татковите говеда. Нејзина задача била да се грижи за седум стада со по педесет златнороги говеда, кои не се размножувале, но ниту умирале. Кога Еуилох со другите другари на Одисеј ги украл овие говеда, Лампетија за тоа веднаш го известила нејзиниот татко. Таа е една од можните мајки на Панекеја, една од божиците на лекарските вештини.[1]
Други ликови
[уреди | уреди извор]Исто така била една од Хелијадите, фајетонова ќерка или сестра, која со сестрите толку тагувала за нивниот брат, па Зевс ги претворил во тополи, а нивните солзи во килибар. И во овој случај Фаетуса е нејзината сестра и тие две честопати се прикажувани заедно.[1][2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.
- ↑ -{theoi.com: LAMPETIA, PHAETHOUSA}-, Посетено на 10. 4. 2013.