Ламбринос Вранас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден ?
Починал 17 мај 1905

Ламбринос Вранас (Λαμπρινός Βρανάς) е андартски капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Вранас е роден во Каликратис на островот Крит. На 13 јули 1903 година ја минал грчко-турската граница и влегол во Македонија со чета која била екипирана од страна на Георгиос Цондос. Во оваа чета покрај Вранас влегле: Георгиос Перос, Евтимиос Каудис, Георгиос Диконимос, Георгиос Сејменис, Горгиос Зауридис, Георгиос Стратинакис, Енатратиос Бонатос, Маноусос Катунатос и Николаос Лукакис [1].

Оваа чета со помошта на грчкиот костурски митрополит Германос Каравангелис почнала да дејствува во Костурско и Леринско. По избувнувањето на Илинденското востание оваа андартска чета имала судир кај Клисура со чета на Македонската револуционерна организација, а подоцна учествувала во палењето на Косинец. Потоа сите Критјани со исклучок на загинатиот Георгиос Сејменис се повлекле од Македонија, но следната 1904 година повторно се вратиле [2].

Ламбринос Вранас учствува во борбата кај Статица во која на 13 октомври 1904 година бил убиен Павлос Мелас[3].

На 17 мај 1905 година на патот за Мариово четата на Вранас била сочекана од турски аскер. Андартите сакале да се предадат но дошло до борба во која Вранас и речиси сета негова чета биле убиени, со исклучок на Антонис Цитурас кој ранет успеал да се засолни [4].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Κακουδάκης, Ιωάννης, „Η ΣΥΜΒΟΛΗ ΚΑΙ ΟΙ ΘΥΣΙΕΣ ΤΩΝ ΚΡΗΤΙΚΩΝ ΣΤΟ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟ ΑΓΩΝΑ“
  2. Трайкова, Весела, „НАЧЕНКИ НА АНДАРСКОТО ДЕЛО В МАКЕДОНИЯ ­ КАРАВАНГЕЛИС, ЙОН ДРАГУМИС И ДЕСЕТИНАТА КРИТЯНИ“, списание "Македонски преглед", Година ХХІV, 2001, кн. 1, 45-60 с
  3. „ΠΑΥΛΟΣ ΜΕΛΑΣ: ΗΡΩΑΣ ΠΡΟ-ΚΑΤ. Η ΣΦΑΙΡΑ ΠΟΥ ΤΟΝ ΣΚΟΤΩΣΕ ΗΤΑΝ ΕΛΛΗΝΙΚΗ“
  4. „0 ένοπλος αγώνας στην Κεντρική και Δυτική Μακεδονία κατά το 1905“, взето от http://clubs.pathfinder.gr на 13.07.10 г.