Лалола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лалола
250п
Главните ликови од серијата
Жанркомедија
Создадена одСебастијан Ортега
УлогиКарла Петерсон
Хуан Мануел Гил Наваро
Лусијано Кастро
Сандра Балестерос
Земја на потеклоАргентина
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди148
Продукција
Извршен продуцент(и)Селина Амадео
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаUnderground Production
Првично прикажување28 август 2007 – 29 април 2008
Надворешни врски
Мрежна страницаamerica2.com.ar/lalola/

Лалола (шпан. Lalola, „lal♂l♀“) е аргентинска телекомедија, или подобро кажано хумористична теленовела. Обижавателите на претходната серија со Kaрла Петерсон, која овде го глуми главниот лик, Ти си мојот живот, ги остави пресреќни со веста дека најзабавниот лик од истоимената серија се појавува како главен лик во нова телекомедија и тоа во лик како жена во машко тело. Серијата во Аргентина беше прикажувана на каналот Америка, но поради малата гледаност на каналот се очекуваше и мал резлутат, па така серијата се бореше со рејтинг од 10% па на крајот да опадне на 3%. Најголемата причина за ова е и терминот, бидејќи во истиот термин се емитуваат уште две популарни серии. Серијата беше прогласена за најдобра телекомедија, без разлика на постигнатиот успех.

Серијата кај нас се емитуваше на А2 телевизија.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Серијата започнува со приказната на Лало, познат бизнисмен, лидер, мачо и одличен женкар, чие хоби е да биде со убави жени и потоа да ги заразува до една за никогаш да не биде со неа. Се продолжува на тој начин сè додека една од жените не решава да му се одмазди. Станува збор за Ромина – една наивна и убава девојка, која разочарана и исполнета со грев од лагата, решава да не ги остави така нештата и да му се одмазди. Ромина пронаоѓа една вештерка да му се одмазди на Лало на најгрозниот начин. И така станува. Тој начин се состои во една магија, во која мажот се претвара во жена т.е. да се претвори Лало во Лола. На тој начин Лало ќе треба да адаптира кон животот на Лола и да го земе своето место во фирмата. Таа како секој ден во кои Лало се преслекува како Лола е многу важен, зошто му претстои една важна средба за работата, на која не може да биде отсутен. Лола прави така, и колегите ќе му поверуваат, дека е една братучеда, која поради лични прилини Лало ќе биде отсутен некое време. Така таа се запознава со Факундо, едно момче кое ќе се вљуби во Лола на прв поглед и ќе се бори за неа додека таа не му одговори. Но, тој и покрај тоа не помислува што всушност се крие под тоа тело. Малку по малку, Лало во кожата на Лола си дава сметка за вистинските работи во животот, за чувствата и за уште многу нешта, кои не ги познавал до пред некое време.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Карла Петерсон Лола
Лусијано Кастро Факундо
Рафаел Феро Гастон
Хуан Гил Наваро Лало
Луис Зимбровски Донато Агире
Муриел Санта Ана Грејс
Сандра Балестерос Вики
Лола Бертет Соледад

Надворешни врски[уреди | уреди извор]