Лазар Андреев
| Лазар Андреев | ||
| Роден | 1923 година Влахи, Царство Бугарија | |
|---|---|---|
| Починал | 1984 година | |
| Народност | Македонец | |
Лазар Ефтимов Андреев ( 1923 во Влахи — 1984 во ) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во НР Бугарија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Бил посветен јатак, помагач и курир на илегалната чета на Герасим Тодоров. Тој е еден од најмногу тепаните и измачувани луѓе од сите кои биле уапсени во време на маченичките истраги во смрдливите подруми на бугарското МВР во Свети Врач.[1]
Бил осуден на доживотен строг и темничен затвор. Во логорите на смртта на островот Персин (Белене), поминал повеќе од четиринаесет мачителни години. Според некои сведоштва од неговите мачители: Лазар бил легнат на подот, а еден од милиционерите од масата скокал на неговите гради. Според сеќавањата на Лазар:[1]
| „ | Цело време бев тепан, а еден ден бев викнат во една соба каде ме чекаа насилниците, кога дојдов при себе, видов дека сите столици беа искршени од мене. | “ |
Една година пред да умре му се откачила едната плешка на што прокоментирал дека тоа му е подарок од комунистите. Бил фанатичен подржувач на идејата за обединета и независна Македонија.[1]