Крупнодамчестиот синец (Phengaris arion) е вид на пеперутка од фамилијата синци. Видот првпат бил дефиниран во 1758 година и првпат е забележан во Британија во 1795 година.[2] Во 1979 година, видот скоро исчезнал во Британија, но успешно бил повторно воведен со нови методи за зачувување.[3] Во моментов пеперугата е класифицирана како „речиси загрозена“ на Црвената листа на загрозени видови на IUCN.[1] Денес пеперугата може да се најде во Европа, Кавказ, Ерменија, западен Сибир, Алтај, северозападен Казахстан и Сечуан[1]
Крупнодамчестиот синец може да се разликува по своите уникатни попрскани црни точки на крилјата со сина позадина.
Гасениците растат до околу 13 милиметри во должина и поминуваат до 9 месеци пред да се подложат на метаморфоза за да станат пеперутка. Пеперутките се едни од најголемите во фамилијата. Имаат распон на крилјата до 51 милиметар и живеат само неколку недели. Крилата на големата сина пеперутка се попрскани со црни точки.