Крсте Крстевски-Крцул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Крсте Крстевски-Крцул
Роден(а)1940
Битола,  Кралство Југославија денес Македонија Македонија
Починал(а)18 април 2019
Битола, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањеспортски работник

Крсте Крстевски - КрцулБитола, 1940 - Битола, 18 април 2019) — македонски атлетичар, поранешен фудбалски и ракометен судија, фудбалски делегат и сестран спортист. Спаѓа во редот на сестраните битолски спортисти со освоени бројни државни титули во повеќе спортски дисциплини. Најпосветен на фудбалот на кој му посветил цели 52 години од својот живот, како фудбалски судија од сите рангови и фудбалски делегат.

Животопис[уреди | уреди извор]

Крстевски е роден во Битола во 1940 година. Спортската кариера ја започнал во раната младост, а во 1958 година, иако сосема случајно, го освоил првото место на првата ноќна трка во Прилеп на 1500 м. Потоа учествувал на сите ноќни трки во Битола, Штип, Скопје и Велес и бил меѓу иницијаторите за формирање на Атлетскиот клуб „Олимпија“. Истата година станал член и на Македонската репрезентација, а на Купот на Републиката на 800 м. постигнал време што тогаш било незамисливо - 2, 02 секунди. Во 1963 година со скршено рамо го освоил првото место на Републичкиот натпревар во Сарај - Скопје, на 400 м. со пречки.

Фудбалската кариера ја започнал во фудбалскиот клуб „Пелистер“ - Битола. Со фудбал се занимавал од 1957 до 1964 година, а потоа целиот свој живот го поминал како фудбалски судија и делегат. Во 1958 година станал најмлад фудбалски судија на Југославија, а истовремено го положил и испитот за републички ракометен судија. Судел на над 100 натпревари низ цела Југославија. Под негова контрола судиските испити ги положиле над 400 судии. Паралелно со активностите на теренот извршувал и повеќе функции. Повеќе години бил претседател на Судиската организација на Македонија. За своите активности добитник е на бројни признанија и награди меѓу кои и трофејната златна плакета на ФСЈ и ФСМ, како и признанија од СОФКА Битола и ОФС Битола. Неговата судиска кариера со успех ја продолжил неговиот син Љубомир Крстевски, кој стигнал и до меѓународна листа.[1] Починал во Битола на 18 април 2019 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]