Кристијан Мајер (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кристијан Мајер
Мајер на Јапонскиот куп 2012
Лични податоци
Роден 21 февруари 1985 (1985-02-21) (воз. 33 г.)
Сасекс, Њу Бранзвик, Канада
Висина 1,72 м
Маса 61 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Пензиониран
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2005–2008
2008–2010
2011
2012–2016
Симетрикс
Гармин-Чипотл-Х30
ЈунајтедХелткер
ГринЕЏ
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
MaillotCan.PNG Национален друмски првак (2008)

Кристијан Мајер (англиски: Christian Meier; р. 21 февруари 1985) — поранешен канадски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2005-2016.

Мајер има потекло на германски угостители кои се населиле во Канада.[1] Неговиот брат Мајкл починал од рак во 2010 година.[2] Возел за ГринЕЏ во 2012 година, настапувајќи на Џиро д’Италија во мај. Возел на сите три големи трки во кариерата со пет настапи на нив, последен пат на Тур де Франс 2014. Го најавил своето повлекување во септември 2015 година, и покрај тоа што имал уште една година од договорот со екипата.[3]

Во март 2015 година, Мајер заедно со сопругата Амбер го отвориле кафулето „Ла Фабрика Ѓирона“.[4] Следната година го отвориле второто кафуле „Еспресо Мафија“.[3]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
1. MaillotCan.PNG Национални друмски првенства под 23 години
2. Краен пласман Вуелта Чихуахуа Интернасионал
2. Краен пласман Вуелта а Ел Салвадор
7. Лиеж-Бастон-Лиеж под 23 години
2008
1. MaillotCan.PNG Национални друмски првенства
2009
2. Национални хронометарски првенстѕва
2010
1. Сина маичка Спринтерски пласман Трка околу Баскија
2011
2. Национално хронометарско првенство
2012
2. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Тур де Бос
3. Краен пласман Тур де Рок Вајт
1. Друмска трка
3. Омниум
8. Критериум
5. Јапонски куп
2013
Волта а Каталуња
1. Бела маичка Спринтерски пласман
1. Жолта маичка Специјален спринтерски пласман
2. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Тур де Бос
2014
1. Планински пласман Трка околу Баварија
2015
1. Планински пласман Вуелта а Ла Риоха
3. Национално хронометарско првенство
9. Национално друмско првенство

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]