Прејди на содржината

Крадец... Отмен мачор

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Крадец... отмен мачор“ (италијански: Un ladro... gentilmicio) — роман за деца, дело на италијанските писатели Алесандро Гати и Давиде Моросиното и на илустраторот Стефано Туркони. Книгата е втор дел од серијалот „Мачки детективи“. Првобитно, книгата била објавена во 2013 година од издавачката куќа „Edizioni Piemme“ S.p.A.[1]

Изданија на македонски јазик

[уреди | уреди извор]

Книгата е издадена на македонски јазик во 2015 година од Арс ламина - публикации, како дел од едицијата „Бестселери за деца“. Преводот од италијански јазик го извршила Анета Симовска. Лектурата е дело на Јасмина Ѓоргиева, а техничкото уредување е направено во „Арс Ламина - публикации“. Книгата е отпечатена во печатницата „Бранко Гапо - графичко производство“ од Скопје, во тираж од 1.000 примероци. Таа има 120 страници, со формат од 12 x 20 сантиметри. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-229-939-6 (едицијата) и ISBN 978-608-229-928-0 (книгата).[2]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Книгата има десет глави:[3]

  • Елеганција на пеперушката
  • Засолниште на покривите
  • Мачки во прв ред
  • Невозможна кражба
  • Исповедите на еден отмен мачор
  • Чудниот господин Тремоли
  • Парфеми и кристали
  • Тајниот премин
  • Големиот метеж во Лувр
  • Лупин на четири шепи
  1. А. Гати - Д. Моросиното, Крадец... отмен мачор Скопје: Арс ламина - публикации, 2015.
  2. А. Гати - Д. Моросиното, Крадец... отмен мачор Скопје: Арс ламина - публикации, 2015.
  3. А. Гати - Д. Моросиното, Крадец... отмен мачор Скопје: Арс ламина - публикации, 2015.