Коромандел (Нов Зеланд)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За истоимениот полуостров, видете Коромандел (полуостров).
Коромандел
Коромандел се наоѓа во Северен Остров
Коромандел
Координати: 36°45′18″ ЈГШ 175°30′08″ ИГД / 
Земја Нов Зеланд
Регион Ваикато
Округ Темс-Коромандел
Население (2006)
 • Вкупно 1.473 жит.

Коромандел (англ. Coromandel) е град и пристаниште на западната страна на полуостровот Коромандел, кој се наоѓа на источното крајбрежје на Северниот Остров на Нов Зеланд. Обете се наоѓаат 75 км источно од градот Окленд, но патот кој ги поврзува е со многу свиоци, долж крајбрежјата на заливите Темски Ферт и Хаураки, е впрочем 190 км во должина.

Градот го носи името на полуостровот, кој пак е именуван по бродот „Коромандел“, кој за прв пат впловил во пристаништето во 1820 г. Едно време ова било стопански важно пристаниште за локалните индустрии копање на злато и сечење на каури дрво. Денес најзастапените стопански гранки во градот се туризмот и одгледувањето на мушули.

Пристаништето Коромандел е широк залив во рамките н Хаураки кого го штитат неколку острови, од кои најголем е Фангануи.

Градот и околината е популарно одмаралиште за Новозеланѓаните. Во Коромандел живеат и доста уметници и мајстори-ракотворци. Во 2006 г. населението броело 1476 жители.[1]

Образование[уреди]

Коромандел има едно државно комбинирано училиште (основно и средно), и едно приватно основно училиште за нижи паралелки. Обете се за мешани полови.

Наводи[уреди]

  • Reed, A. W. (2002). „The Reed Dictionary of New Zealand Place Names“. Auckland: Reed Books. ISBN 0-7900-0761-4.