Хаураки (залив)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Местоположба на заливот Хаураки
Слика на Окленд (лево), заливот Хаураки (средина) и полусттровот Коромандел (десно). Сликано од Тера-сателитот на НАСА во 2002 г.

Хаураки (англиски: Hauraki Gulf, маорски: Tīkapa Moana) — залив на Северниот Остров на Нов Зеланд. Лежи помеѓу регионот Окленд, полуостровот Коромандел и Хауракиската Рамнина.

Засолнета местоположба[уреди | уреди извор]

Водите на заливот се дел од Тихиот Океан, со кој се поврзува а север и на исток. Заливот е воглавно заштитен од Пацификот од Големиот Препречен Остров и Малиот Препречен Остров (Хаутуру) на север, како и од полуостровот Коромандел (должина 80 км) на исток.

Три протоци го врзуваат заливот за Тихиот Океан — Ковиловиот, помеѓу полуостровот Коромандел и Големиот Препречен Остров, Крадок, помеѓу двата острова, и Џеликовскиот помеѓу Малиот Препречен Остров и Севернооклендскиот Полуостров.

Северно од Окленд, неколку полуострови се издаваат во заливот, од кои најзабележителен е Фангапараоа. Островот Тиритири Матанги лежи близу крајот на полуостровот. Уште посеверно го наоѓаме островот Кавау кој се наоѓа под Тафаранујскиот полуостров.

Разните места по заливот ги красат бројни плажи, многу од кои се познати по пливањето и сурфањето.

Острови[уреди | уреди извор]

Западно од заливот се наоѓаат низа острови кои го штитат устието на пристаништето Ваитемата, едно од двете пристаништа на Окленд. Овие се Понуи, Ваихеке, Тиритири Матанги и познатиот остров Рангитото (заспан вулкан), кој е сврзан со многу постариот остров Мотутапу со насип. Островите се раздвоени од копното со Тамакискиот Проток и Рангитотскиот Проток.

Други острови во заливот се островите Браунов Остров, Мотуихе, Пакихи, Пакатоа, Ракино и Ротороа во внатрешниот залив, околу Ваихеке и Рангитото; Мотукавајските острови и островот Фангануи во заветрината на полуостровот Коромандел; како и Каналскиот Остров во надворешниот залив.

Устието на Темс[уреди | уреди извор]

На јужниот крај на заливот Хаураки се наоѓа широкиот, релативно плиток проток наречен Темсово Устие. По ова ја наоѓаме Хауракиската Рамнина, обликувана од реките Ваихоу и Пиако. Хунујските планини и ридовите на полуостровот Коромандел се издигаат на обете страни на устието.

Координати: 36°21′Ј, 175°02′И