Константин Поменов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Константин Поменов

Константин Поменов (1850 – 1913) бил политичар, публицист, и правник од крајот на XIX век.

Тој е роден во Прилеп на 5 мај 1850 година.[1] Бил син на Ангеле Поменов, сиромав терзија од Прилеп. Учел во родниот град, кај Јордан Хаџи Константинов-Џинот во 1859 - 1860 година, а во 1861 - 1864 е ученик и прислужник на учителот Васил Алексиев. Од 1864 година станал ученик и помошник на Кузман Шапкарев. Со негова помош во 1865 година Поменов успева да се запише како стипендист в шестокласната гимназија на Јоаким Груев во Пловдив, каде што учи во следните три години.[2] Меѓу 1868 и 1869 година е учител во Пловдив, а кон крајот на 1869 година и во Одрин. Во 1869 година е привремен дописник на весникот „Македонија“. Во 1870 година завршува гимназија во Табор, Австроунгарија и гимназија во Прага меѓу 1872 - 1874 година со финансиска поткрепа на Евлоги Георгиев. Започнува да следи философија во Прага, но се префрлил во Виена, каде што завршил право во 1877 година како стипендист на Добродетелната дружина. Станува помошник-секретар во Виенскиот суд во 1878 г.

По ослободувањето на Кнежевството Бугарија е пратеник во Уставното народно собрание во 1879 година како делегат на бугарското друштво „Напредок“ во Виена. Учествува во изработката на Трновскиот Устав. Во 1880 година живеел во Франција и Италија. Во 1881 година го одбранил докторатот во Хајделберг, Германија, по што бил член на Апелациониот суд во Софија.

Починал во 1913 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Цураков, Ангел, Енциклопедия на правителствата, народните събрания и атентатите в България, Книгоиздателска къща Труд, стр. 35, ISBN 954-528-790-X
  2. Кузман Шапкарев, "Материали за възраждането на българщината в Македония", Издателство "Български писател", София, 1984, Част първа, глава Първо, четиригодишно мое учителствувание в гр. Прилеп от 1861 до 1865 г., стр. 147-149. Посетен на 27.04.2015.