Колорадо (Парагвај)
- За истоимената партија во Уругвај, видете Колорадо (Уругвај)
Национален републикански сојуз – Партија Колорадо Asociación Nacional Republicana – Partido Colorado | |
---|---|
Претседател | Еркулес Педро Лоренсо Алијана Рордригез |
Основач | Бернардино Кабаљеро |
Основана | септември 11, 1887 |
Штаб | „25 де Мајо“ бр. 842 с/ Такуару, Асунсион |
Идеологија | национален конзервативизам економски либерализам социјален конзервативизам парагвајски национализам |
Полит. положба | десница |
Меѓународна припадност | Меѓународен демократски сојуз |
Бои | црвена, бела |
Комора на пратеници | 46 / 80 |
Сенат | 20 / 45 |
Мрежно место | |
anr.org.py | |
Знаме | |
Политика на Парагвај Политички партии Избори |
Национален републикански сојуз – Партија Колорадо (шпански: Asociación Nacional Republicana – Partido Colorado, ANR-PC) е десно ориентирана политичка партија во Парагвај. Партијата е основана од Бернардино Кабаљеро на 11 септември 1887 година во Асунсион. Оваа партија е најдоминатната партија во полтичката историја на Парагвај од независноста на државата. Партијата Колорадо после 61 година на власт за првпат ги изгубила парламентарните избори во 2008 година, но го зачувала претседателот на изборите во 2013 година.
Историја
[уреди | уреди извор]1887–1989
[уреди | уреди извор]Првично партијата управувала со државата од 1887 до 1904 година. Во 1946 година Колорадо се приклучила во власта, заедно со Револуционерната фебреристичка партија, за време на претседателскиот мандат на Игинио Морињиго.
Од 1947 година па до 1962 година, Колорадо управувала со Парагвај ако еднопартиска држава. За време на тој период, сите други политички парти биле прогласени како нелегални.[1] Сепак, во 1962 година сите национални партии биле номинално легално, а Комунистичката партија на Парагвај останала да биде прогласена за нелегална а нејзините членови доживеале прогон од властодршците. За време на управувањето на Алфредо Стреснер се донело закон со кој се обрзале сите армиски службеници и чиновници да бидат членови на партијата Колорадо.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Paraguay: Opposition Parties“. Library of Congress Country Studies. Архивирано од изворникот на 9 January 2009.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Колорадо (Парагвај)“ на Ризницата ? |