Коле Бендевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коле Бендевски
Роден 17 јуни 1908
Ѓавато (Битолско)
Починал 25 април 1991
Скопје
Националност Македонец
Занимање борец и општественик

Коле Бендевски (Ѓавато (Битолско), 17 јуни 1908Скопје, 25 април 1991) – македонски првоборец и општественик.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Коле Бендевски е роден во село Ѓавато, Битолско на 17 јуни 1908 година. На петнаесетгодишна возраст заминал печалбар во САД, работејќи како возач-таксист и работник во железарница во Гери и во Чикаго и се запознал со комунистичката идеологија. Поради илегалниот престој, бил уапсен и спроведен во затворите во Њујорк и на островот Њуфаундланд, а потоа депортиран во Солун (1932). По враќањето работел како автопревозник, а политички се активирал во времето на изборите (1938) и потоа станал член на КПЈ (1939). Како активист на НОАВМ, бил уапсен (1942–1944) во затворите во Битола, Скопје и Идризово, по што заминал како борец на Седмата македонска НО бригада.

По Ослободувањето бил директор на автосообраќајните претпријатија во Битола и во Скопје, началник на Возниот парк на Владата на НРМ, директор на „Македонија пат“ и е пензиониран како началник во Автосообраќајното училиште „Боро Петрушевски” во Скопје (1964). Носител е на Партизанска споменица од 1941.

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Во Скопскиот централен затвор, „13 Ноември“, Ⅹ, 10, Скопје, 1971;
  • Лажни сведоци, Оковани во пранги, Скопје, 1981;
  • Формирањето и работата на првата партиска ќелија во селото Ѓавато 1941 и 1942 година, Битола и Битолско во НОВ 1941 и 1942, кн. втора, Битола, 1978; (соавторство со Тодор Чаталовски и Мијал Грбевски)
  • Учеството на ѓаваштани во акцијата на с. Кажани, Битолските народноослободителни партизански одреди, Битола, 1982; (соавторство со Тодор Чаталовски и Мијал Грбевски);
  • Револуционерната дејност на Трајан Белев-Гоце, Битола и Битолско во НОВ 1943–1944, кн. втора, Битола, 1982, (соавторство со Тодор Чаталовски и Мијал Грбевски);

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 144. ISBN 978-608-203-023-4.