Козлодуј
Изглед
Козлодуј Козлодуй | |
---|---|
град | |
Поглед на Домот на енергетскиот работник | |
Местоположба на Козлодуј во Бугарија | |
Координати: 43°46′35.2″N 23°43′45.76″E / 43.776444° СГШ; 23.7293778° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Враца |
Општина | Козлодуј |
Управа | |
• Градоначалник | Маринела Николова (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 105,31 км2 (40,66 ми2) |
Надм. вис. | 33 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 12,467 |
• Густина | 120/км2 (310/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 3320 |
Повик. бр. | +359 0973 |
Мреж. место | kozloduy.bg |
Козлодуј (бугарски: Козлодуй) — град во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Козлодуј во Врачанската Област. Има население од околу 12.467 жители (2022).[1]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Козлодуј се наоѓа во Дунавската Рамнина, на 7 километри од устието на реката Огоста во реката Дунав, во плодната житница на Бугарија, наречена „Златија“.
Историја
[уреди | уреди извор]Најраните официјални податоци покажуваат дека Козлодуј бил населен во 16 век. Во 18 век населбата била означена како Котозлук и Козлудере, а подоцна и Козлодуј.
На 17 мај 1876 година четата на бугарскиот револуционер Христо Ботев слезла од паробродот „Радецки“ на брегот во Козлодуј.
На 6 април 1970 година започнала изградбата на Првата атомската централа „Козлодуј“ [2] која е главен работодавец во градот.
Јавни институции
[уреди | уреди извор]- Паробродот музеј „Радецки“
- Дом на енергетскиот работник
- Читалиште „Христо Ботев“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ „Kozloduy NPP Plc - History“. Kznpp.org. Архивирано од изворникот на 2011-07-27. Посетено на 2011-03-16.