Кнап Комисија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Кнап Комисија (на англиски: Knapp Commission, по раководителот на комисијата, судијата Перси Витман Кнап), официјално Комисија за испитување на наводната полициска корупција (на англиски: Commission to Investigate Alleged Police Corruption) била 5-члена група формирана во април 1970 година од Џон Линдзи, тогаш градоначалник на градот Њујорк за да се испита корупцијата во Полицискиот оддел на градот Њујорк. Особен придонес за основањето на комисијата бил публицитетот на откритијата за полициска корупција јавно претставени од полицаецот Френк Серпико и наредникот Дејвид Дурк. Нивните наводи се покажале точни и комисијата дала низа препораки за задушување на корупцијата.

Членство[уреди | уреди извор]

Раководителот на комисијата, судијата Витман Кнап

Петчлената комисија била назначена на 21 мај 1970 година од страна на градоначалникот на градот Њујорк Џон Линдзи. За раководител на групата бил назначен адвокатот од Менхетн Перси Витман Кнап, по кој и почнала да се именува комисијата. Тој порано бил шеф на биро за измами и обвиненија при канцеларијата на окружниот обвинител Френк Хоган. Меѓу останатите четворица кои работеле со него бил и Сајрус Венс кој пред тоа бил заменик секретар за одбрана на САД.[1]

  • Перси Витман Кнап, раководител
  • Сајрус Венс, член
  • Џозеф Монсеррат, член
  • Френклин Томас, член
  • Арнолд Бауман, член

Препораки[уреди | уреди извор]

Комисијата го објавила својот воведен извештај на 15 август 1972 година, а завршниот извештај во кој ги претставила своите препораки по утврдувањето на широко распространета корупција бил објавен на 27 декември 1972 година. Препораките на петчлената комисија биле дека раководителите треба да одговараат за чекорите на нивните подредени и да поднесуваат периодични извештаи. Било предложено во сите реони да се отворат канцеларии на одделот за внатрешни работи. За борба против корупцијата групата утврдила дека во сите реони треба да се постават информатори, треба да се подобрат методите на скрининг и селектирање како и дека е потребно да се случи промена во полициското однесување.

„Тревојадци“ и „месојадци“[уреди | уреди извор]

Во својот извшетај оваа комисија ги поделила полициските службеници кои ги истражувала по сомнение за корупција на „тревојадци“ и „месојадци“.

Така, „тревојадци“ биле службениците кои „примаат бакшиш и бараат пет, десет, дваесет долари од лица за контракт, возачи во пајак службата, коцкари и слично, но не целат кон земање поткупливи исплати“. Овој тип службеници бил во значаен број и за нив комисијата сметала дека тоа го научиле од други полицајци или од девијантното однесување на лица со кои работат и против кои водат истраги. Тие исто така сметале и дека некои полицајци го прават тоа за да ја покажат својата лојалност. Еден метод кој бил претставен против овој тип полицајци било да се отстранат полицајците ветерани кои го прават ова, така што младите генерации нема да имаат пример на такво полициско однесување пред себе.

Вториот тип, „месојадците“ биле оние полицајци кои „поминуваат повеќе време агресивно барајќи ситуации што можат да ги искористат за финансиска придобивка“. Еден таков пример се полициските службеници кои наводно работат против газдите на проститутски кругови и дилерите на дрога, а потоа барајќи им пари. Тие го правеле тоа не само за материјална придобивка туку и со тоа ги осигурувале своите дела како правилни затоа што сметале дека таквите лица наводно го заслужуваат тој третман бидејќи се сметаат за „црни овци на општеството“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (англиски) „Mayor Lindsay appoints the Knapp Commission to investigate police corruption“. New York Daily News. 22 мај 1970. конс. 7 ноември 2018.