Френк Серпико

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Френк Серпико
Frank Serpico
Frank Serpico.jpg
Серпико во 2013 г.
Роден(а)Франческо Винсент Серпико
14 април 1936 (1936-04-14) (83 г.)
Бруклин, Њујорк, САД
Други имињаПако, Серпико
УстановаБруклин Колеџ
НаградиNYPD Medal of Honor breast bar.svg
Полициска кариера
Орган(и)Полициски оддел на градот Њујорк
Број на значка19076[1]
Земја САД
Години во служба12 (1959-1972)
Чин(ови)1960-1971:
Патролен службеник 1971-1972:
Детектив[2]
ЗанимањеПредавач на универзитети и полициски академии

Франческо Винсент Серпико (на англиски: Francesco Vincent Serpico; роден 14 април 1936) — поранешен полициски службеник и детектив во Полицискиот оддел на градот Њујорк. Тој е познат како свиркач на полициската корупција во доцните 1960-ти и раните 1970-ти. Неговите напори го поттикнале Џон Линдзи, тогаш градоначалник на Њујорк да ја формира Кнап Комисијата која работела на истрага во њујоршката полиција.[3] Неговата слава особено се зголемила со филмот Серпико, базиран на книга од американскиот новинар Питер Маас за биографијата на Франческо во кој главната улога ја играл Ал Пачино, кој со неа бил номиниран за Оскар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Maas, Peter. Serpico, The cop who defied the system. Viking Press. 1973.
  2. Newton, Michael. Criminal Justice: Crime and Criminals. Infobase Publishing. 2010.
  3. „Serpico Steps Out of the Shadows to Testify“. Њујорк Тајмс. 24 септември 1997.