Киро Чучуков-Себура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Киро Чучуков-Себура
Роден Киро Чучуков-Себура
25 март 1919
Велес, Кралство Југославија
Починал 6 јануари 1943 (возраст: 23)
Речани, Велес, Царство Бугарија
убиен
Националност Македонец
Занимање партизан

Киро Чучуков-Себура (25 март 1919 во Велес6 јануари 1943 во Речани, Велес) – македонски младински партиски активист пред војната, организатор на НОД во Велешко и првоборец.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Веднаш по окупацијата собирал оружје, разнесувал партиски пропагандни материјали и вршел курирска работа во градот и околината. Еден од првите борци на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ од мај 1942 година и учесник во сите борбени судрувања со бугарската полиција.

Од септември 1942 година ја извршувал курирската должност. По враќањето од кумановскиот на велешки терен, во почетокот на 1943 година бил откриен од бугарската полиција и ликвидиран.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чушкар“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1635. Text "series " ignored (help)