Керера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кип на Керера

Керера (латински: Ceres) — римска божица на плодородството и на подземниот свет, на мајчинството и бракот. Во грчката митологија е позната како Деметра. Според античката традиција, нејзината ќерка Персефона берела цвеќе на Сицилија, во близината на градот Хена, кога наеднаш се појавил богот Плутон и ја зел со себе во подземниот свет (Ереб). Кереа ја барала својата ќерка насекаде по светот со запален факел во раката. Најпосле, Персефона добила дозвола третина од времето да живее во подземниот свет.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 226.
Теми во римската митологија
Важни богови:
Легендарна историја
Римска религија
Грчки/римски мит споредени
Други рустикални богови: