Кемијоки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кемијоки во Рованиеми

Кемијоки (фински: Kemijoki, шведски: Kemi älv, севернолапонски: Giemajohka = „Кемска Река“) — најдолга река во Финска, со должина од 550 км. Тече низ градовите Кемијарви и Рованиеми, па се влева во Ботнискиот Залив кај Кеми.

Кај Рованиеми, на реката ѝ се придружува притоката Оунасјоки.

Денес на реката има 21 хидроелектрана,[1] во сопственост на претпријатијата „Кемијоки“ и „Похјолан“. Во 2003 г. електраните произвеле вкпно 4,3 TWh или 34,5% од хидроенергијата во земјата.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]