Келиевите јунаци (филм од 1970)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Келиевите јунаци (англиски: Kelly's Heroes) е американски филм од 1970 година, во режија на Брајан Г. Хатон, по сценариото на Трој Кенеди-Мартин. Главните улоги ги толкуваат: Клинт Иствуд, Тели Савалас, Дон Риклс, Керол О'Конор, Доналд Сатерленд, итн.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во текот на Втората светска војна, поручникот Кели (го игра Иствуд) заробува германски офицер од кого сака да извлече корисни информации. оттука, тој го опива офицерот и дознава дека се наоѓа на тајна задача: треба да пренесе златни прачки вредни 16 милиони долари во една воена база во Франција. Кели сака да дојде до златото и со неколку свои пријатели прави план да се уфрлат на непријателската територија. Неговиот вод, предводен од Биг Џоу (го игра Савалас), има на располагање три дена да ја изврши задачата и, со помош на неколку луѓе и со три тенка, Кели оди во Франција за да го украде златото...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]