Каспар Хаузер
Каспар Хаузер (30 април 1812 – 17 декември 1833) бил германскo момче кое тврдело дека пораснало во целосна изолација во затемнета ќелија. Тврдењата на Хаузер и неговата последователна смрт од убодна рана, предизвикале многу дебати и контроверзии. Теориите изнесени во тоа време го идентификувале како член на големата војводска куќа од Баден, скриен поради кралската интрига. Овие мислења не се целосно документирани во подоцнежни истраги.[1] Други теории сугерираа дека Хаузер бил измамник.
На 26 мај 1828 година, тинејџерско момче се појавило на улиците на Нирнберг, Германија . Со себе носел писмо упатено до капетанот на 4-та ескадрон на 6-от коњанички полк, капетанот фон Весениг. Нејзиниот наслов гласел:
daß Orte ist unbenant
1828
(Од баварската граница
местото е непознато
1828)Анонимниот автор тврдел дека момчето му било оставено како доенче на 7 октомври 1812 година и дека го научил да чита, да пишува и христијанската религија, но никогаш не му дозволил „да направи ниту еден чекор надвор од мојата куќа“. Во писмото било наведено дека момчето сега би сакало да биде коњаник „како што бил неговиот татко“ и го поканил капетанот или да го прими или да го обеси.
Имаше приложено уште едно кратко писмо, наводно дека е од неговата мајка до неговиот претходен чувар. Наведено е дека неговото име е Каспар, дека е роден на 30 април 1812 година и дека неговиот татко, коњаник на 6-тиот полк, е мртов. Всушност, беше откриено дека ова писмо било напишано со иста рака како и другото (чија реплика „тој го пишува мојот ракопис точно како јас“ ги наведе подоцнежните аналитичари да претпостават дека самиот Каспар Хаузер ги напишал и двете).[2]
Чевлар по име Вајкман го однел момчето до куќата на капетанот фон Весениг, каде што момчето ги повторувало зборовите „Сакам да бидам коњаник како татко ми“ и „Коњ! Коњ!" Било какви понатамошните барања изнудувале или солзи или тврдоглаво „Не знам“. Тој бил одведен до полициска станица, каде што го напишал името: Каспар Хаузер. Покажал дека е запознаен со пари, можел да кажува молитви и малку да чита, но одговорил само неколку прашања и се чинело дека неговиот речник е прилично ограничен.[3] Незадоволни од неговите одговори, властите го затвориле како скитник .[4]
Следните два месеци ги поминал во кулата Лугинсланд во замокот Нирнберг под грижа на затворскиот чувар Андреас Хилтел. И покрај тоа што многу подоцнежни извештаи би го кажале, тој бил во добра физичка кондиција и можел добро да оди; на пример, тој можел да ги искачи 90 скалила до својата соба. Тој бил со „здрав лик на лицето“ [5] и имал околу 16 години, но изгледал интелектуално попречен. Градоначалникот Бајндер, сепак, тврдел дека момчето има одлично помнење и дека брзо учело. Различни љубопитни луѓе го посетиле, на негово очигледно задоволство. Одбивал секаква храна освен леб и вода.
Приказ на Хаузер за животот во зандана
[уреди | уреди извор]Отпрвин се претпоставувало дека Хаузер е диво дете од шумите. Во текот на многуте разговори со градоначалникот Бајндер, Хаузер раскажал поинаква верзија на својот живот, која подоцна ја запишал со повеќе детали.[6] Според приказната, Хаузер онолку долго колку што можел да се сети го поминал својот живот во мрачна самница . Тој ги дал димензиите на ќелијата долга приближно два метри, широка еден метар и висината на еден и пол, со само кревет од слама за спиење и четири играчки, два коња и куче издлабени од дрво.
Хаузер тврдел дека секое утро чим се разбудел наоѓал ржан леб и вода до својот кревет. На моменти, водата имала горчлив вкус, и кај него предизвикувала подлабок сон од вообичаено. Во такви моменти, сламата на неговиот кревет била променета и му биле исечени косата и ноктите. Хаузер трвдел дека првото човечко суштество што некогаш го сретнал е човек кој го посетил не многу пред неговото ослободување. Човекот внимавал да не му го открие својот лик на Хаузер. Овој човек го научил да го напише своето име водејќи му ја раката. Откако научил да стои и да оди, Хаузер бил однесен во Нирнберг. Странецот, наводно, го научил да ја каже фразата „Сакам да бидам коњаник како татко ми“ (на старобаварски дијалект ), но Хаузер трвдел дека не разбирал што значат зборовите.
Оваа приказна предизвикала голема љубопитност и го направила Хаузер предмет на меѓународно внимание. Се појавиле гласини дека тој бил од кнежевско потекло, веројатно од Баденско потекло, но имало и тврдења дека бил измамник .
Пол фон Фојербах, претседател на баварскиот апелационен суд , започнал да го истражува случајот. Хаузер бил формално посвоен од страна на градот Нирнберг и биле донирани пари за негова издршка и образование.[7] Тој бил предаден во рацете на Фридрих Даумер, учител и филозоф, кој го подучувал различни предмети и со тоа ја открил неговата дарба за цртање. Се чинело дека на момчето му пријала оваа нова средина. Даумер, исто така, го подложил на хомеопатија и магнетни експерименти . Како што ја Фојербах ја раскажал приказната, „Кога професорот Даумер го држеше северниот пол [на магнет] кон себе, Каспар ја стави раката на лажичката на својот мев, влечејќи го елекот во надворешна насока, и рече дека тоа го привлекува; и му се чинело дека од него излегува струја на воздух. Јужниот пол влијаеше на него послабо; и рече дека дувало врз него.“ [8]
Раната
[уреди | уреди извор]На 17 октомври 1829 година, Хаузер бил пронајден во подрумот на куќата на Даумер со исекотина на челото. Тој тврдел дека додека седел на нужникот, бил нападнат и повреден од маж со качулка, кој му се заканил со зборовите: „Сè уште треба да умреш пред да го напуштиш градот Нирнберг“. Хаузер раскажал дека го препознал човекот како истиот тој што го довел во Нирнберг. Како што било очигледно од трагите на крв, Хаузер најпрво побегнал до првиот кат каде се наоѓала неговата соба, но потоа, наместо да си ги побара своите старатели, се симнал долу и се прекачил низ ќепенокот во визбата. Вознемирените службеници повикале полициска придружба и го пренеле до Јохан Бибербах, член на градскиот совет. Нападот врз Хаузер, исто така, ги подгориле гласините за неговото можно потекло од Унгарија, Англија или Куќата на Баден .
- ↑ d Heydenreuter: König Ludwig I. und der Fall Kaspar Hauser, in: Staat und Verwaltung in Bayern. Festschrift für Wilhelm Volkert zum 75. Geburtstag. Ed. by Konrad Ackermann and Alois Schmid, Munich 2003, pp. 465–476, here p. 465.
- ↑ Ivo Striedinger: Neues Schrifttum über Kaspar Hauser, in: Zeitschrift für bayerische Landesgeschichte, 6. Vol., 1933, pp. 415–484, here p. 452
- ↑ Ivo Striedinger: Hauser Kaspar, der „rätselhafte Findling“, in: Lebensläufe aus Franken, III. Vol., 1929, pp. 199–215; here pp. 199–200
- ↑ Bondeson (2004), 77
- ↑ police description, dated 7 July 1828; see e.g. Jochen Hörisch (ed.): Ich möchte ein solcher werden wie...: Materialien zur Sprachlosigkeit des Kaspar Hauser, Suhrkamp 1979, pp. 33–34
- ↑ Ivo Striedinger 1927, pp. 200–201; for the primary sources, see e. g. Jochen Hörisch 1979
- ↑ Bondeson (2004), 80
- ↑ Anselm von Feuerbach: Caspar Hauser, translated by Gotfried Linberg, Allen and Ticknor 1832, p. 132