Капинова пеперуга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Капинова пеперуга
Green hairstreak (Callophrys rubi) 3.jpg
Капинова пеперуга
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Lycaenidae
Род: Callophrys
Вид: C. rubi
Биномен назив
Callophrys rubi
(Linnaeus, 1758)

Капиновата пеперуга (Callophrys rubi) е пеперуга од семејството Сивци од видот опашкари. Пеперугата ја има и во Македонија.

Подвидови[уреди | уреди извор]

  • Callophrys rubi rubi
  • Callophrys rubi fervida Staudinger, 1901
  • Callophrys rubi borealis Krulikovsky, 1890
  • Callophrys rubi sibirica Heyne, [1895].[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Распонот на крилјата е од 26 до 30 мм.[2] Горната страна на крилјата се кафеави. Долните делови на крилјата се светлозелени со тенка бела лента. Гасениците се зелени со жолти ознаки по грбот.

Животен циклус[уреди | уреди извор]

Овие пеперуги може да се најдат кон крајот на март и летаат до јуни. Но понекогаш може да се видат и во јули и август.[2] Никогаш не се одмараат со расширени крилја, и така се камуфлирани поради зелената боја на долниот дел од крилјата.[3][4] Мажјаците покажуваат територијално однесување.[3]

Јајцата се полагаат единечно.[3] Ларвите се хранат со растенијата: Vaccinium myrtillus, Vaccinum uliginosum, Betula, Rubus idaeus, Vicia cracca, Trifolium medium, Calluna vulgaris, Frangula, Rhamnus, Ribes, Spiraea, Caragana, Chamaecytisus, Hedysarum, Genista, Trifolium и Hippophae rhamnoides.[1]

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Оваа пеперуга се храни со голем број на растенија и поради тоа може да се најде на многу различни места. Може да се најде во ливади, мочурливи места и шуми.[3] Пеперугата може да живее на надморска висина и до 2.300 метри.[2][4]

Распространетост[уреди | уреди извор]

Пеперутката се наоѓа во скоро цела Европа,[5] Северна Африка, Русија, Мала Азија и Сибир.[1] Во средоземните земји пеперугата се наоѓа покрај бреговите.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 "Callophrys Billberg, 1820" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
  2. 2,0 2,1 2,2 Butterfly Guide
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Learn About Butterflies
  4. 4,0 4,1 Eurobutterflies
  5. Fauna europaea

Надворешни врски[уреди | уреди извор]