Детелина

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Trifolium)
Детелина
Детелина
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Бобовидни
Семејство: Бобови
Потсемејство: Глушини
Род: Детелина
L.
Subgenera and Sections[1][2]

подр. Chronosemium
подр. Trifolium

одд. Glycyrrhizum
одд. Involucrarium
одд. Lupinaster
одд. Paramesus
одд. Trichocephalum
одд. Trifoliastrum
одд. Trifolium
одд. Vesicastrum
Синоними

Amoria C. Presl[3]
Bobrovia A. P. Khokhr.[3]
Chrysaspis Desv.[3]
Lupinaster Fabr.[3]
Ursia Vassilcz.[3]
Xerosphaera Soják[3]

Четирилисна детелина на логото на Државната лотарија на Македонија
Ботаничка илустрација на црвена детелина (T. pratense)
Мала детелина (T. dubium)
Персиска детелина (Trifolium resupinatum)
Инкарнатска детелина (T. incarnatum)
Цвет на бела детелина (T. repens)
Јагодеста детелина (T. fragiferum)
Четирилисна детелина
Шведска детелина (T. hybridum)

Детелина (науч. Trifolium) — род од околу 300 видови растенија од семејството бобови (Fabaceae), распространет ширум светот. Најголема разновидност има во умерените краишта на северната полутопка, но се среќаваат и многу видови во Јужна Америка и Африка, како на високите планини, така и во тропски предели. Ова се мали едногодишни, двегодишни или кратовечни повеќегодишни билни растенија. Листовите се трилисни (ретко со по 5 или 7 ливчиња), со залистоци што се издаваат од лисната дршка. Главичките гости и зашиленени цветови со виолетова, бела или жолта боја. Постојат и други сродни растенија што често се нарекуваат „детелина“, но всушност не се. Такви примери се пчелникот (Melilotus) и луцерката (Medicago). Научниот назив доаѓа од латинските поими tres, „три“ и folium, „лист“, што значи „трилисник“, поради трите карактеристични ливчиња.

Одгледување[уреди | уреди извор]

Повеќе видови детелина масовно се одгледуваат како фуражни култури. Најзастапени во светот се белата (T. repens) и црвената детелина (T. pratense). Се сее самостојно, или заедно со плевел. Нејзината погодност како сточна храна се должи на повеќе причини: вирее слободно, постојано се враќа по секоја косидба, расте во обилна количина, хранлива е и вкусна за добитокот, го врзува азотот, ја намалува потренбата од вештачки ѓубрива, расте на најразлични почви и клими и може да се користи за зелено ѓубрење.

Во многу подрачја детелината е кратковечна, особено на места со кисела почва. Ова се должи на сплет од штетници, болести и состојките во земјата. Затоа, таму се практикува плодоред на посевите, не дозволувајќи детелината да се сади почесто од еднаш на осум години.

Медоносните пчели е значаен опрашувач на детелината и оттаму ова растение има големо значење во пчеларството, особено бидејќи нејзиниот цвет е еден од главните извори на нектар за пчелите.

Одгледување во Македонија[уреди | уреди извор]

Во Македонија се одгледуваат повеќе видови детелина, на површина од околу 2.000 хектари со просечен принос од 3 тони сено на хектар.[4]. Детелината најмногу се одгледува за сточна храна, односно за сено и сурова прихрана на добиток, а исто така игра и значајна улога во пчеларството како медоносни растенија. Најзастапени се следниве (по азбучен ред):[5]

Симболизам[уреди | уреди извор]

Некои поретки примероци на детелината можат да имаат по четири ливчиња. Затоа, четирилисната детелина се смета за симбол на среќа и стои како обележје на разни игри на среќа и претставува еден од симболите на Државната лотарија на Македонија. Се среќаваат и примероци со по пет, шест и повеќе ливчиња, но овие се мошне ретки. Светскиот рекорд за највеќе ливчиња на детелина е 56, поставен во 2009 г.[6]

Детелината е познат традиционален симбол на Ирска, под називот „шамрок“ (ирс. Seamróg, анг. Shamrock)). Според преданијата, прв почнал да го користи Свети Патрик, поради тоа што трите листа ја означувале Светата Троица. Некои сметаат дека симболот се однесува на малата или белата детелина, додека понекогаш се вели дека тоа е киселата детелина (Oxalis, која не е вистинска детелина).

Детелината како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Некои видови[уреди | уреди извор]

Родот опфаќа 245 вида:[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Species Nomenclature in GRIN“. Посетено на 2010-08-04.
  2. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-17. Посетено на 2014-07-24.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Genus Nomenclature in GRIN“. Посетено на 2010-07-09.
  4. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Детелини“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help) стр. 458
  5. „Видови на фуражни растенија и репа: б. Мешункасти растенија“ (PDF). Правилник за трговија со семенски материјал од фуражни растенија и репа. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија. 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 22 јули 2014.
  6. „Највеќе ливчиња на детелина“. Гинисови рекорди. 2011. Посетено на 23 април 2011. (англиски)
  7. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 111.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]