Канун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Канунот е жичен инструмент кој потекнува од истокот и со мали вариијации на изработката и името е присутен во земјите на далечниот и блискиот исток со векови наназад. Формата му е трапезоидна, поседува 24, 25 или повеќе тројни жици, затегнати преку мост (кобилица) и затегнати со дрвени чивии. Штимањето на жиците се прави со мал клуч кој се навлекува на конусните глави на чивиите. Кобилицата лежи на затегната тенка кожа на десната страна на инструментот. На левата страна пред да се затегнат со чивиите, жиците поминуваат преку метални јазичиња со кои се подесува висината на тонот во текот на свирењето. Канунот се свири со помош на трзалки кои со помош на мали метални прстани се прицврстуваат за показалците на свирачот. За свирење се употребуваат и останатите прсти на двете раце.