Македонски народни инструменти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фолклорните инструменти по број:
1.Ќемане; 2.Гајда; 3.Двојанка; Дудук (мал и голем); 4.Кавали; 5.Дајре; 6.Тамбура; 7.Зурла (мала и голема); 8.Тарабука; 9.Тапан.

Македонски народни инструменти — музички инструменти што се користат на територијата на Република Македонија и во македонскиот регион каде што живеат Македонците, најчесто за фолклорни дела.

Челно се делат во две групи:

  • Традиционални македонски инструменти
  • Ориентални македонски инструменти

Традиционални и ориентални[уреди | уреди извор]

Гајдата, кавалот, шупелката, дудукот, зурлата, двојанката, разните видови на тамбури, тапанот и дајрето се сметаат за традиционални инструменти. Со мали варијации, грнетата, ќемането, удот, лејтата, канонот, тарабуката или дајрето се сметаат за ориентални инструменти и обично се составен дел од ансамблите во ориентален стил наречени чалгии.

Традиционалните инструменти се употребуваат во различни комбинации:

  • Зурлата и тапанот можат да се слушнат на свадби и други слави каде се свири народна музика.
  • Гајдата е фундаментален составен дел од македонската музичка култура, особено по селата. Обично се свири со пар кавали, тамбура и некои ударни инструменти (тапанче/дајре/тарабука).
  • Тарабуката исто така се смета за традиционален инструмент, иако истата била донесена во Македонија во XV и XVI век век од Турците.

Класификација на македонските фолклорни инструменти[уреди | уреди извор]

Дувачки[уреди | уреди извор]

Ударни[уреди | уреди извор]

Жичени[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]