Камчатка (руски: Камчатка) — значајна река на полуостровот Камчатка во Далечниот Исток на Русија. Се влева во Камчатскиот Залив во Тихиот Океан. Во некои делови на коритото реката е пловна. Долга е 758 км, а сливот ѝ зафаќа површина од 55.900 км2. Средната надморска височина на сливот е 560 м, додека пак вкупниот пад (висинска разлика) од изворот до утоката изнесува 1.2000 м при среден наклон од 1,58 ‰[1].
Во поречието се наоѓаат населените места Миљково, Кључи и пристанишното место Уст Камчатск. Во горното течение го носи името Езерска Камчатка (Озёрная Камчатка)[2].
Реката изобилува со лосос кои им даваат издршка на домородните Ителмени[3] и поддржуваат стопански и разоноден риболов.