Камилавка

Од Википедија — слободната енциклопедија
грчки свештеник носи камилавка.

Камилавка[1][2] (гр. кαμιλαυκα или камилавкион (καμιλαυκιον), калимавкион (καλυμμαύχιον) или калимафи (καλιμαυι)) — дел од свештеничка облека во православната црква.

Тоа е крута шапка која може да биде цилиндрична со рамен, конусен обод на врвот (грчки стил), цилиндрично што се шири и рамна на врвот (руски стил) или цилиндрична и рамна на врвот (српски стил).

Најчесто е во црна боја и ја носат само монасите или свештениците. Камилавка во црвена, виолетова или бела боја можат да ја носат само црковните големодостојници (патријарси, епископи и др).

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]