Историја на Индија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија се однесува на историјата на индискиот дел од континентот пред поделбата на Индија во 1947 година. За модерната Република Индија, прочитајте ја статијата “Историја на Република Индија”. За Пакистан и Бангладеш, прочитајте ги статиите “Историја на Пакистан” и “Историја на Бангладеш”.
Emblem of India.svg

Дел од серијата:
Политика и влада на Индија


Други земји ·  Политика ·  Индија

Историјата на Индија започнува со докази за човекова активност на Homo sapiens уште од пред 75.000 години, или со претходните хоминиди, вклучувајќи Homo erectus, од пред околу 500.000 години. Цивилизацијата во индиската долина, која се ширела и цветала во севернозападниот дел на индискиот дел од континентот од 3300 до 1300 година п.н.е. (која во денешно време е на територијата на Пакистан и на северозападна Индија), била првата голема цивилизација во Јужна Азија. Софистицирана и технолошки напредна урбана култура била развиена во Зрелиот Харапански период, од 2600 до 1900 п.н.е. Оваа цивилизација на Бронзена Доба се распаднала пред крајот на вториот милениум п.н.е. и по неа следела Ведиската Цивилизација на Железна Доба, која се распространила на поголемиот дел од Индоганшката Низина. Оваа цивилизација сведочи за подемот на големи државни уредувања познати како Махаџанапади. Во едно од овие царства, Магада, Махавира и Гаутама, бил роден Буда во 6-тиот или 5-тиот век п.н.е. и ги пропагирал неговите шрамански филозофии. Поголемиот дел од потконтинент бил освоен од Мауриската Империја во текот на 4-тиот и 3-тиот век пред нашата ера. Таа била разделена, разни делови биле владени од бројни Внатрешни кралства во следните 1500 години. Ова е познато како класичниот период на индиската историја, во кој понекогаш се проценува дека Индија имала најголема економија во античкиот и средновековниот свет, со својата огромна популација која генерирала помеѓу една четвртина и една третина од приходите во светот до 18-тиот век. Поголемиот дел од северна и централна Индија бил обединет во 4 век од нашата ера, и останал така во следните два века, под империјата Гупта. Овој период, кој сведочи за Хинду религиозен и интелектуален препород, е познат како "Златната доба на Индија". Од тоа време, па се до неколку векови подоцна, јужна Индија, под власта на Чалукуас, Чолас, Палавас и Пандијас, ја доживеала својата златна доба. Во овој период, аспекти на индиската цивилизација, администрација, култура и религија (Хиндуизам и Будизам), се ширеле во поголемиот дел од Азија. Кралствата од јужниот дел на Индија имале поморски трговски врски со Римската империја, кои започнале некаде од 77-та година од нашата ера. Муслиманско владеење на потконтинентот започнало во 8-от век од нашата ера, кога арапскиот генерал Мухамед бин Касим ги освоил Синд и Мултан во јужниот дел на Пенџаб во денешен Пакистан, отварајќи простор за неколку последователни инвазии од Централна Азија помеѓу 10-тиот и 15-тиот век од нашата ера, што довело до формирање на муслимански империи на Индискиот потконтинент, како што биле Султанатот Делхи и Могулското Царство. Могулското владеење дошло од Централна Азија и ги опфатило повеќето северни делови на потконтинент. Мугалските владетели ја претставиле Централно Азиската уметност и архитектура во Индија. Покрај Мугалските, како и разните Рајпут кралства, неколку независни Хинду држави, како Виајанагарското Царство, Марата Империјата, Источната Ганга Империја и Ахом Кралството, цветале истовремено во јужниот, западниот, источниот и североисточниот дел на Индија, соодветно. Мугалската империја доживеала постепен пад во почетокот на 18-тиот век, што создало можност Авганистанците, Балоките, Сиките и Маратанците да вршат контрола над големи области во северозападниот дел од потконтинентот, се додека Британската Источно Индиска Компанија не стекнала надмоќ над Јужна Азија. Започнувајќи од средината на 18-тиот век, како и во текот на следниот век, големи области на Индија биле присвоени од страна на Британската Источно Индиска Компанија. Незадоволството од владеењето на оваа компанија довело до индискиот бунт од 1857 година, по кој британските провинции во Индија биле директно управувани од страна на британската круна и воедно доживеале еден период на брз развој на инфраструктурата и економски пад. За време на првата половина од 20-тиот век, на национално ниво била лансирана борба за независност од страна на Индискиот Национален Конгрес, кон кој подоцна се приклучила и Муслиманската Лига. Потконтинентот стекнал независност од Велика Британија во 1947 година, откако британските провинции биле поделени на суверени територии на Индија и Пакистан, при што сите кнежевски држави пристапиле кон една од ново формираните држави.

Праисториска ера[уреди | уреди извор]

Камена доба[уреди | уреди извор]

Изолирани остатоци од Homo erectus во Хатнора која се наоѓа во долината на Нармада во централна Индија, укажуваат на тоа дека Индија можеби била населена уште од Средната Плеистоцена доба, некаде пред околу 500.000 и 200.000 години. На северозападниот дел од потконтинентот се откриени алати направени од праисториски луѓе кои датираат од пред два милиони години. Античката историја на регионот вклучува некои од најстарите населби во Јужна Азија, како и некои од нејзините главни цивилизации. Најраниот археолошки локалитет на потконтинентот е палеолитскиот хоминид локалитет во долината на реката Соан. Соански локалитети се пронајдени на повеќе места во регионот Сивалик, кој што денес се протега низ Индија, Пакистан и Непал.

По Мезолитскиот период на Индискиот потконтинент следел Неолитскиот период, во кој се извршило масовно населување на потконтинентот по крајот на последната ледена доба, приближно пред околу 12.000 години. Првите потврдени полутрајни населби се појавиле пред 9.000 години во карпестите засолништа на Бимбетка, во денешна Мадја Прадеш, Индија. Раната неолитска култура на Јужна Азија е претставена преку Бирана наодите (7500 п.н.е.) во Харијана, Индија и преку Мергар наодите (од 7000 п.н.е. па наваму) во Балочистан, Пакистан. Се тврди дека траги од неолитската култура се потопени во Заливот Камбат во Индија, земен примерок тестиран со радиокарбон е датиран 7500 години п.н.е. Сепак, извлеченото парче дрво за кое станува збор, било пронајдено во област на силни океански струи. Неолитски земјоделски култури се појавиле во регионот на Долината на реката Инд околу 5000 години п.н.е., во ниската долина на реката Ганг околу 3000 години п.н.е., и подоцна во Јужна Индија, ширејќи се кон југ исто така и кон север во Малва околу 1800 п.н.е. Првата урбана цивилизација во регионот започнала со цивилизацијата во Долината на реката Инд.

Бронзена доба[уреди | уреди извор]

Бронзената доба на Индискиот потконтинент започнала околу 3300 п.н.е. со раната цивилизација во долината на реката Инд. Таа најпрво била центрирана на реката Инд и нејзините притоки, а подоцна се проширила и во долината на реката Гагар-Хакра, Ганг-Јамуна Доаб, Гуџарат и југоисточен Авганистан. Цивилизацијата главно била лоцирана на теириториите на денешна Индија (провинциите Гуџарат, Харајана, Пенџаб и Раџастан) и на денешен Пакистан (провинциите Синд, Пенџаб, и Балочистан). Историски гледано на античка Индија, таа претставува една од најстарите урбани цивилизации во светот, заедно со Месопотамија и антички Египет. Античките жители на долината на реката Инд, Харпанците, развиле нови техники во металургијата и занаетчиството (производи од карнеол, резбани печати), и произведувале бакар, бронза, олово и калај. Зрелата цивилизација на реката Инд цветала од околу 2600 до 1900 п.н.е., означувајќи го почетокот на урбана цивилизација на потконтинент. Цивилизацијата вклучувала урбани центри како што биле Долавира, Калибанган, Рупар, Ракигари и Лотал во денешна Индија, и Харапа, Ганеривала, и Мохењо-Даро во денешен Пакистан. Цивилизацијата е позната по своите градови изградени од тула, системи за одводнување крај патиштата, како и куќи на повеќе спратови.

Ран историски период[уреди | уреди извор]

Ведиски период[уреди | уреди извор]

Ведскиот период се карактеризирал со индоариската култура поврзана со текстовите на Ведите, свети за Хиндусите, кои биле усно составени на ведски санскрит (јазикот на Ведите). Текстовите на Ведите се едни од најстарите преживеани текстови во Индија и заедно со некои записи од Египет и Месопотамија се најстарите текстови во светот. Ведскиот период траел од околу 1.500-тата до 500-тата година п.н.е., поставувајќи ги темелите на Хиндуизмот, како и на други културни аспекти на раното индиско општество. Во однос на културата, многу региони на потконтинентот преминале од Халколитска во Железна Доба во овој период. Историчарите ги анализирале Ведите кои ја поставиле Ведската култура во регионот на Пенџаб и горната рамнина на Ганг. Повеќето историчари сметаат дека во овој период се опфатени неколку бранови на индоариската преселба на потконтинент од северо-запад. Ведскиот народ верувал во преминување на душата, и пепал дрвото и кравата биле осветени во времето на Атхарва Веда. Многу од концептите на индиската филозофија кои биле промовирани подоцна, како Дарма, Карма итн. го имаат своето потекло од Ведите. Раното Ведско општество главно се состоело од пастирски групи, со напуштањето на доцната Харапанска урбанизација. По времето на Ригведа, Ариевското општество се повеќе земјоделски се ориентирало и било општествено организирано околу четирите варни, или социјални класи. Во прилог на Ведите, главните текстови на Хиндуизмот, како и основните теми на санскритските епови Рамајана и Махабхарата, се вели дека го имаат нивното основно потекло од текот на овој период. Махабхарата и денес останува најдолгата единствена поема во светот. Настаните опишани во Рамајана се од подоцнежен историски период во однос на настаните опишани во Махабхарата. Раното индоариско присуство, во археолошки контекст, веројатно делумно одговара на Очре културата на Обоено Грнчарство. Куру кралството се совпаѓа со културата на Црна и Црвена Будност и со културата на Насликана Сива Будност до почетокот на железното време во северозападниот дел на Индија, околу 1000 години п.н.е., како и со компонирањето на Атарваведа, првиот индиски текст во кој се спомнува железо, како śyāma ayas, што буквално значи "црн метал". Културата на Насликана Сива Будност, која била распространета во поголемиот дел на северна Индија, траела од околу 1.100-тата до 600-тата година п.н.е. Ведскиот Период исто така утврдил и републики, како што била Ваишали, која постоела уште од 6-тиот век п.н.е. и опстоила во некои области се до 4-тиот век од христијанската ера. Подоцнежниот дел на овој период се совпаѓа со зголемено движење на оддалечување од претходното племенско уредување кон воспоставување на кралства, наречени Махаџанапади.

Махаџанапади[уреди | уреди извор]

Во подоцнежната Ведската доба, голем број на мали кралства или град-држави го прекриле потконтинентот, многу од нив се споменати во Ведската, Рано Будистичката и Џаина литературата уште 1000 години п.н.е. Од 500 п.н.е., шеснаесет монархии и "републики" познати како Махаџанапади - Каси, Косала, Анга, Магада, Ваји (или Врији), Мала, Чеди, Ватса (или Вамса), Куру, Панчала, Матсија (или Мача), Сурасена, Асака, Аванти, Гандара и Камбоџа – се протегале по рамнините на Инд и Ганг, од денешен Авганистан до Бенгал и Махараштра. Овој период го доживеал вториот голем подем на урбанизмот во Индија, по цивилизацијата во долината на Инд. Многу помали кланови споменати во раната литература се чини дека биле присутни на останатиот дел од потконтинентот. Некои од овие кралеви биле наследни, други држави ги избирале своите владетели. Образованиот говор во тоа време бил Санскрит, додека јазиците на општата популација од северниот дел на Индија се наведени како Пракрити. Многу од шеснаесетте кралства се соединиле во четири големи кралства од 500 до 400 п.н.е., во времето на Гаутама Буда. Овие четири кралства биле Ватса, Аванти, Косала и Магада. Махаџанападите биле шеснаесетте најмоќни кралства и републики на ерата, кои главно се протегале по плодните рамнини на Инд и Ганг. Сепак имало и голем број на помали кралства кои се протегале по должината и ширината на древна Индија.

Наланда се смета за еден од првите големи универзитети во пишаната историја. Тој бил центар на Будистичките учења и истражувања во светот од 450-та до 1193-та година од новата ера.

Деветтиот и осмиот век п.н.е. го доживеале составот на најраните Упанишади. Упанишадите формирале теоретски основи за класичниот Хиндуизам и биле познати како Веданта (изведено од Ведите). Постарите Упанишади вршеле напади за зголемување на интензитетот на ритуалот. Секој што обожавал божественост различна од Себеси се нарекувал домашно животно на боговите во Брихадаранјака Унапашадата. Мундака го лансирала најостриот напад над ритуалот со споредување на оние кои ја ценат вредноста на жртвата со небезбеден брод кој е бескрајно превземен од страна на староста и смртта. Зголемената урбанизација на Индија во седмиот и шестиот век п.н.е. довела до пораст на нови аскетски или шрамана движења кои ја предизвикале ортодоксноста на ритуалите. Махавира (549-477 п.н.е.), поборник на Џаинизамот, и Буда (563 -483), основач на будизмот, биле најистакнатите икони на ова движење. Шрамана го проповедала концептот на циклусот за раѓање и умирање, концептот на самсара, и концептот на ослободување. Буда пронашол Среден Пат кој го ублажил екстремниот аскетизам кој постоел во Шрамана религиите. Приближно во исто време, Махавира (24-тиот Тиртанкара во Џаинизмот) пропагирал теологија која што подоцна станала Џаинизам. Сепак, Џаинистичката ортодоксија верува дека учењата на Тиртанкарите претходат на сето познато време и научници веруваат дека Паршва, со ускладен статус како 23-ти Тиртанкара, бил историска личност. Се верува дека Ведите имаат документирано неколку Тиртанкари и аскетски поредок сличен на шрамана движењето.

Персиски и македонски освојувања[уреди | уреди извор]

Во 530 г. п.н.е. Кир, кралот на персиското Ахеменидско Царство, ги преминал Хиндукуш планините да бара данок од племињата во Камбоџа, Гандара и во прекуиндискиот регион. До 520-та година п.н.е., во времето на Дариј I, поголемиот дел од северозападниот потконтинент (денешен источен Авганистан и Пакистан) потпаднал под власта на Персиската Ахеменидска Империја. Областа останала под персиска контрола следните два века. Во тоа време Индија ја снабдувала персиската војска со платеници кои се бореле во Грција. Под Персиско владеење познатиот град Такшашила станал центар каде што Ведските и Иранските учења биле измешани. Влијанието на персиските идеи се чувствувало во многу области од Индискиот живот. Персиското ковање на монети и натписите на карпи биле прифатени од Индија. Сепак, Персиската надмоќ во северниот дел на Индија завршила со освојувањето на Персија од страна на Александар Велики во 327 година п.н.е. До 326-та година п.н.е., Александар Велики ја освоил Мала Азија и Ахеменидската Империја и стигнал до северозападните граници на Индискиот потконтинент. Таму го поразил кралот Пор во битката на Хидасп (во близина на денешен Џелам, Пакистан) и го освоил поголемиот дел од Пенџаб. Марширањето на Александар кон исток го ставило во конфронтација со Нанда Империјата на Магада и Гангаридаи Империјата на Бенгал. Неговата војска, онака истоштена и исплашена од можноста за соочување со поголеми Индиски армии на реката Ганг, се побунила кај Хифазис (денешната река Беас) и одбила да маршира понатаму кон Исток. Александар, по средбата со неговиот офицер, Коенис, и сознанието за моќта на Нанда империјата, бил убеден дека е подобро да се вратат. Персиската и македонската инвазија имале важни реперкусии врз Индиската цивилизација. Политичките системи на Персијците влијаеле на идните форми на владеење на потконтинентот, вклучувајќи го и владеењето на Мауријанската династија. Покрај тоа, регионот на Гандара, или денешен источен Авганистан и северозападен Пакистан, станал мешавина од индиска, персиска, централноазиска и елинистичка култура, при што се создале услови за појава на хибридна култура, елинистички будизам, која траела до 5-тиот век од нашата ера и влијаела на уметничкиот развој на Махајана Будизмот.

Мауријанска Империја[уреди | уреди извор]

Мауријанската Империја (322-185 п.н.е.), управувана од страна на Мауријанската династија, била географски голема, а воедно и моќна политичка и воена империја во древна Индија. Империјата била основана од страна на Чандрагупта Маурија во Магада, она што денес е Бихар. Империја цветала под власта на Ашока Велики. Во својата најголема површина, кон север се протегала до природните граници на Хималаите, а кон исток до она што денес е Асам. Кон запад достигнувала подалеку од денешен Пакистан, присоединет со Балочистан и поголем дел од она што е денес е Авганистан, вклучувајќи ги модерните провинции Херат и Кандахар. Империјата била проширена кон централните и јужните региони на Индија од страна на императорите Чандрагупта и Биндусара, но во нивно време таа не ги опфаќала големите неистражени племенски и пошумените региони во близина на Калинга, кои подоцна биле преземени од страна на Ашока. Како и секоја држава, потребно било и Мауријанската Империја да има унифициран административен систем. Ашока владеел со Мауријанската Империја 37 години, од 268 п.н.е. па се до неговата смрт во 232 п.н.е. Во тоа време, Ашока водел активна надворешна политика во насока на создавање на обединета држава. Сепак, Ашока се вмешал во војна со државата Калинга која се наоѓа на западниот брег на Бенгалскиот Залив. Оваа војна го принудени Ашока да го напушти неговиот обид со надворешна политика да ја обедини Мауријанската Империја. За време на Мауријанската Империја брзо се развило ропството, при што пронајдена е значителна количина на писмени записи за ропството. Мауријанската Империја се базирала на модерна и ефикасна економија и општество. Сепак, продажбата на стоки била тесно регулирани од страна на владата. Иако не постоело банкарство во Мауријанското општество, лихварство било вообичаено со заеми направени на призната каматна стапка од 15% годишно. Ашока во своето владеење го пропагирал Будизмот. Во тој поглед, тој изградил голем број Будистички споменици. Навистина, Ашока извршил оптоварување врз економијата и владата со неговата силна поддршка на Будизмот. Кон крајот на неговото владеење тој "ги испразнил државните каси со неговите великодушни подароци за промовирање на промулацијата за учењата на Буда. Како што можело да се очекува, оваа политика предизвикала значителна опозиција во рамките на владата. Оваа опозиција се собрала околу Шампади, кој бил внук на Ашока е наследник на престолот. Исто така, помеѓу православните Брахманити и приврзаниците на Џаинизмот, се појавила религиозна опозицијата насочена против политиката на Ашока. Министерот на Чандрагупта, Чанакаја, ја напишал Артхашастра, што претставува еден од најголемите трактати за економија, политика, надворешни работи, администрација, воена уметност, војна и религијата напишани во Азија. Археолошки гледано, периодот на Мауријанското владеење во Јужна Азија спаѓа во ерата на Северна Црна Полирана Будност. Артхашастра и Едиктите на Ашока се примарните пишани записи од Мауријанско време. Лион, главниот град од времето на Ашока во Сарнат, е национален симбол на Индија.

Ранисредни кралства — Златна доба[уреди | уреди извор]

Средниот период бил време на културен развој. Сатавахана династијата, позната и како Андрас, владеела во јужна и централна Индија по околу 230-тата година п.н.е. Сатакарни, шестиот владетел од Сатавахана династијата, ја поразил Сунга Империјата од северниот дел на Индија. Потоа, Каравела, кралот воин на Калинга, владеел со огромна империја и бил одговорен за ширењето на Џаинизамот на Индискиот потконтинент. Каравелан Џаин Империјата била и поморска империја со трговски патишта кои ја поврзувале со Шри Ланка, Бурма, Тајланд, Виетнам, Камбоџа, Борнео, Бали, Суматра и Јава. Колонисти од Калинга се населиле во Шри Ланка, Бурма, како и на Малдивите и Поморска Југоисточна Азија. Кунинда Кралството била мала Хималајска држава која опстоила приближно од 2-риот век п.н.е. до 3-тиот век од христијанската ера. Кушанците мигрирале од Централна Азија кон северозападниот дел на Индија во средината на 1-виот век од нашата ера и основале империја што се протегала од Таџикистан до средината на Ганг. Западните Сатрапи (35-405 н.е.) биле Сака владетели од западниот и централниот дел на Индија. Тие биле наследници на индоскитите и современици на Кушанците, кои владееле со северниот дел на индискиот потконтинент, како и на Сатавахана (Андра) која владеела во централна и јужна Индија. Различни династии како Пандијанската, Чоланската, Чераската, Кадамбаската, Западноганшката, Паливанската и Чалукијанската доминирале во јужниот дел на индискиот полуостров во различни временски периоди. Неколку јужни царства формирале прекуморска империја што се протегала во Југоисточна Азија. Царствата војувале едни со други и со Декан државите за доминација на југот. Калабраската династија, која била будистичка династија, накратко ја прекинала вообичаената доминација на Чоланската, Чераската и Пандијанската династија на југ.

Северозападни хибридни култури[уреди | уреди извор]

Северозападните хибридни култури на потконтинентот вклучувале индомакедонска (културно индоелинистичка), индоскитска, индопартиска и индосасанидска култура. Првата од овие, индоелинистичката култура, е основана кога македонско-бактрискиот крал Деметриј го завземал регионот во 180-тата година п.н.е., ширејќи го своето владеење низ разни делови од денешен Авганистан и Пакистан. Индомакедонското кралство опстоило речиси два века и било владеено од повеќе од 30 последователни македонски кралеви, кои често биле во конфликт едни со други. индоскитите биле гранка на индоевропските Сакајци (Скити) кои мигрирале од јужниот дел на Сибир, најпрво во Бактрија, а потоа последователно во Согдиана, Кашмир, Арачосија, Гандара и конечно во Индија. Нивното кралство опстоило од средината на 2-риот век п.н.е. до 1-виот век п.н.е.. Уште едно друго кралство, индопартиското (познато и како Палавас), дојшло да го контролира поголемиот дел од денешен Авганистан и северен Пакистан, по борбите со многу локални владетели, како што бил Кушанскиот владетел Кујула Кадфиз, во регионот Гандара. Сасанидската Империја од Персија, која била современик на империјата Гупта, се проширила во регионот на денешен Балочистан во Пакистан, каде што со мешањето на Индиската култура и културата на Иран се родила индосасаниската мешовита култура.

Кушанска Империја[уреди | уреди извор]

Кушанската Империја се проширила надвор од она што денес е Авганистан во северозападниот дел од потконтинентот, под раководство на нивниот прв император, Кујула Кадфиз, околу средината на 1-виот век од христијанската ера. До времето на неговиот внук, Канишка, (чија ера се смета дека почнала во 127 н.е.), тие го освоиле поголемиот дел од северна Индија, и стигнале најмалку до Сакета и Паталипутра, во средината на долината на Ганг, а можеби и до Бенгалскиот Залив. Тие играле важна улога во воспоставувањето на Будизмот во Индија и неговото ширење во Централна Азија и Кина. До 3-тиот век, нивната империја во Индија се распаднала, нивниот последен познат голем император бил Васудева I (околу 190-225 г.н.е.).

Римската трговија со Индија[уреди | уреди извор]

    Римската трговија со Индија започнала околу 1-виот век од н.е. за време на владеењето на Октавијан Август, по неговото освојување на Египет, кој бил најголемиот трговски партнер на Индија од западните земји. Трговијата била започната од страна на Еудокс од Кизик во 130 п.н.е. и продолжила да се зголемува, а според Страбон (II.5.12.), до времето на Октавијан Август, до 120 бродови испловувале секоја година од Мијос Хормос на Црвеното Море кон Индија. За оваа трговија било искористено толку многу злато, и веројатно рециклирано од страна на Кушанците за ковање на сопствени монети, што Плиниј Постариот (NH VI.101) се жалел за изливот на злато во Индија:

"Индија, Кина и Арапскиот Полуостров земаат сто милиони сестреси од нашата империја на годишно ниво во конзервативната проценка: тоа е она што нашиот луксуз и нашите жени не чинат. Колкав процент од овој увоз е наменет за жртви на боговите или за душите на. мртвите? " -Плиниј, Historia Naturae 12.41.84. Поморските (но не и копнените) трговски патишта, пристаништата, и трговските предмети се опишани во детали во делото од 1-виот век од нашата ера “Пловидби по Црвеното Море”.

Владеење на Гупта Империјата[уреди | уреди извор]

Класичната доба се однесува на периодот кога голем дел од Индискиот потконтинент бил повторно обединет под империјата Гупта, (320-550 г.н.е.). Овој период се нарекувал Златната Доба на Индија и бил одбележана со големи достигнувања во науката, технологијата, инженерството, уметност, дијалектиката, литературата, логиката, математиката, астрономијата, религијата и филозофијата кои ги кристализирале елементите на она што општо е познато како Хинду Култура. Децималниот броен систем, вклучувајќи го концептот на нула, бил измислен во Индија во текот на овој период. Мирот и просперитетот создадени под водство на Гуптите овозможиле извршување на научни и уметнички потфати во Индија.

Највисоките достигнувања на оваа културна креативност биле величествената архитектура, изработката на скулптури и сликарството. Од периодот на Гупта произлегле научници како Калидаса, Арибата, Варахамира, Вишну Шарма и Ватсијана кои направиле големи достигнувања во многу научни области. Науката и политичката администрација достигнале нови височини за време на ерата на Гупта. Силните трговските врски, исто така, го направиле регионот значаен културен центар и го воспоставиле како база што влијае врз блиските кралства и региони во Бурма, Шри Ланка, поморска Југоисточна Азија и Индокина. Периодот Гупта означил пресвртница на Индиската култура: Гуптите вршеле Ведски жртви за да го легитимизираат своето владеење, но тие исто така го поддржувале и Будизмот, кој продолжил да обезбедува алтернатива за Брахманската ортодоксија. Воените подвизи на првите три владетели - Чандрагупта I (319-335), Самудрагупта (335-376), и Чандрагупта II (376-415) – го довеле поголемиот дел од Индија под нивно раководство. Тие успешно се противле на северозападните кралства се до доаѓањето на Хуните, кои се утврдиле во Авганистан во првата половина на 5-тиот век, со нивниот главен град кај Бамијан. Сепак, голем дел од Декан и јужна Индија, во голема мера, не биле под влијание на овие настани во северниот дел.

Доцни Средни Кралства - Доцно-Класичната Доба[уреди | уреди извор]

"Доцно-Класичната доба" во Индија започнала по крајот на империјата Гупта, и колапсот на империјата Харша во 7-миот век од нашата ера, а завршила со падот на Вијанагарската Империја на југ во во 13-тиот век, поради притисокот од исламските освојувачи на север. Овој период има произведено некои од најдобрите уметнички дела во Индија, и се смета за олицетворение на класичниот развој, како и за развојот на главните духовни и филозофски системи кои продолжиле да бидат во Хиндуизам, Будизам и Џаинизам. Кралот Харша од Канауј успеал повторно да го обедини северниот дел на Индија во текот на неговото владеење во 7-миот век, по падот на династијата Гупта. Неговото кралство се распаднало по неговата смрт. Централно Азискиот и Северо Западниот Индиски Будизам ослабел во 6-тиот век по инвазијата од Белите Хуни, кои ги следеле нивните сопствени религии како што биле Тенгри и Маничаеизмот. Инвазијата на Мухамед бин Касим над Синд во 711-та г.н.е. сведочи за натамошниот пад на Будизмот. Чач Нама забележал многу случаи на конверзија на ступасите во џамии, како на пример во Нерун. Во 7-миот век од нашата ера, Кумарила Бата го формулирал неговото училиште за Мимамса филозофија и ја бранел позицијата на Ведските ритуали против Будистички напади. Научниците го напоменуваат придонесот на Бата за падот на Будизмот. Неговиот дијалектички успех против Будистите е потврден од Будистичкиот историчар Татхагата, кој навел дека Кумарила ги поразил учениците на Будапалкита, Бавија, Дармандаса, Дигнага и други. Роналд Инден запишал дека до 8-миот век п.н.е. симболи на Хинду богови "го заменија Буда во империјалниот центар и врвот на космо-политичкиот систем, слика или симбол на Хинду богот дочека да биде сместена во спомен храмот, на која и е пружено подетално пуја обожување со царски стил ". Иако будизмот не исчезнал од Индија неколку векови по осмиот, кралските склоности за култовите на Вишну и Шива ја ослабеле позицијата на Будизмот во социополитичкиот контекст, и помогнале да дојде до негово можно опаѓање. Од 7-миот до 9-тиот век, три династии се натпреаврувале за контрола на северниот дел на Индија: Гурјара Пратихарската од Малва, Источно Гангската династија од Одиша, Паласката од Бенгал, и Раштракутанската од Декан. Сена династијата подоцна ја превземала контролата над Пала Империјата, а Гурјара Партихара се поделила на различни држави. Тоа биле првите Рајпут држави, серија на кралствата кои успеале да опстојат во некоја форма речиси еден милениум, до Индиската независност од Британците. Првото запишано Рајпут кралство се појавило во Раџастан во 6-тиот век, и мали Рајпут династии подоцна владееле со поголемиот дел од северна Индија. Еден Гурјар Рајпут од Чауханскиот клан, Притви Раџ Чаухан, бил познат по крвавите конфликти против унапредувањето на Исламските султанати. Шахи династијата владеела со делови од источен Авганистан, северен Пакистан и Кашмир од средината на 7-миот до почетокот на 11-тиот век. Чалукја династијата владеела со делови на јужна и централна Индија од Бадами во Карнатака помеѓу 550-та и 750-та година, а потоа повторно од Калијани помеѓу 970-та и 1190-та година. Палавасите од Канчипурам биле нивните современици кон југ. Со намалувањето на Чалукја империјата, нејзините феудалци, Хојсалсите од Халебиду, Какатијасите од Варангал, Сеуна Јадавасите од Девагири и јужниот огранок на Калачури, ја поделиле огромната Чалукја империја помеѓу себе некаде околу средината на 12-тиот век. Чола империјата во своето најголемо достигнување опфаќала голем дел од индискиот потконтинент и Југоисточна Азија. Рајараја Чола I го освоил целиот полуостров на јужна Индија и делови од Шри Ланка. Морнарицата на Раџендра Чола I отишла уште подалеку, окупирајќи ги бреговите од Бурма во Виетнам, Островите Андаман и Никобар, Лакшадвепските (Лакадивските) острови, Суматра, Малајскиот полуостров во Југоисточна Азија и Пегу островите. Подоцна, за време на средниот период, се појавила Пандијанската Империја во Тамил Наду, како и Кралството Чера во делови од Керала и Тамил Наду. До 1343, престанала да постои и последната од овие династии, што довело до подем на Вијанагарската Империја. Пристаништата во јужна Индија биле инволвирани во трговијата на Индискиот Океан, која главно вклучувала зачини, со Римската Империја на запад и Југоисточна Азија на исток. Литературата во локалните вернакулари и спектакуларната архитектура цветала се до почетокот на 14-тиот век, кога јужните експедиции на султанот од Њу Делхи го земале својот данок од овие кралства. Хинду Вијанагарската Империја дошла во судир со исламскиот Бахмани Султанат, и судирот на овие два системи предизвикал мешање на староседелските и странските култури кои си оставиле трајни културни влијанија едни на други.

Исламските Султанати[уреди | уреди извор]

По освојувањето на Персија, Арапскиот Умајад Калифат инкорпорирал делови од она што денес е Пакистан околу 720-тата година. Муслиманските владетели имале желба да ја нападнат Индија, богат регион со развиена меѓународната трговија и со единствените познати рудници за дијаманти во светот. Во 712-та година, арапскиот муслимански генерал Мухамед бин Касим, освоил голем дел од регионот на Инд во денешен Пакистан за Умајад империјата, инкорпорирајќи ја како "Ас-Синд" провинција со главен град Ал-Маншура, 72 км (45 милји) северно од денешен Хајдерабад во Синд, Пакистан. По неколку војни, Хинду Рајпут клановите ги поразиле Арапите во битката на Раџастан, попречувајќи ја нивната експанзија и ги принудиле да се задржат во Синд во Пакистан. Многу краткотрајни исламски царства (султанати) под странски владетели биле воспоставени на северозападниот потконтинент во период од неколку векови. Покрај тоа, муслиманските трговски заедници цветале по крајбрежниот дел на јужна Индија, особено на западниот брег, каде што доаѓале малубројни Муслимански трговци, главно од Арапскиот Полуостров. Ова го одбележало воведувањето на трета Аврамска Блиско Источна религија, по Јудаизмот и Христијанството, често во пуританска форма. Подоцна, Бахмани Султанат и Декан султанатите, основани од страна на турски владетели, цветале во јужниот дел. Вијанагарската империја се издигнала до крајот на 13-от век како кулминацијата на обидите од страна на јужните сили да се бранат од исламските инвазии. Империјата доминирала во сите делови на Јужна Индија и се борела против инвазија од петте постоечки Декан Султанати. Империјата го достигнала својот врв за време на владеењето на Кришнадевараја кога Вијанагарските војски постојано победувале. Империјата присвоила области кои претходно биле под Султанатите во северен Декан и територии од источен Декан, вклучувајќи ја Калинга, додека во исто време одржувала контрола над сите потчинети територии на југ. Таа опстоила до 1646-та година , иако нејзината моќ опаднала по големиот претрпен воен пораз во 1565-та година од страна на Декан султанатите. Како резултат на тоа, голем дел од територијата на поранешната Вијанагарска Империја била поробена од страна на Декан Султанатите, а остатокот бил поделен на многу помали држави кои биле владеени од страна на Хинду владетели.

Делхи Султанат[уреди | уреди извор]

Во 12-тиот и 13-тиот век, Турци и Авганистанци освоиле делови од северна Индија и го основале Султанатот Делхи на поранешна територија на Рајпут. Следната Славе династија од Делхи успеала да освои големи области од северниот дел на Индија, приближно еднакви по големина на античката империја Гупта, додека Кили династијата го освоила поголемиот дел од централна Индија, но во крајна мера била неуспешна во својата намера за освојување и обединување на потконтинентот. Султанат довел до период на Индиска културна ренесанса. Резултантната „индомуслиманска“ фузија на култури оставила трајни синкретички споменици во архитектурата, музиката, литературата, религијата и во начинот на облекување. Се претпоставува дека јазикот на Урду (што буквално значи "орда" или "камп" на разни турски дијалекти) е создаден за време на периодот на султанатот Делхи како резултат од мешањето на локалниот говор Санскрит Пракрит со говорот на имигрантите кои зборувале персиски, турски, и арапски под раководство на муслиманските владетели. Султанатот Делхи била единствената индоисламска империја во која престолот го добила Разија Султана (1236-1240), една од ретките женски владетели во Индија. Турско-Монголскиот освојувач од Централна Азија, Тимур (Тамерлан), го нападнал владечкиот султан Насир-у Дин Мехмуд од Туглак династијата во северниот индиски град Делхи. Султановите воjски биле поразени на 17-ти декември 1398 година. Тимур влегол во Делхи и градот бил опустошен, уништен и оставен во урнатини откако армијата на Тимур убивала и ограбувала три дена и три ноќи. Тој наредил целиот град да биде опустошен, освен научниците, саидите и другите Муслимани; 100.000 воени затвореници биле погубени во еден ден.

Ран модерен период[уреди | уреди извор]

Мугалска Империја[уреди | уреди извор]

Во 1526-та година, Бабур, потомок на Тимур и Џингис Кан од долината Фергана (денешен Узбекистан), се проширил преку Кибер преминот и ја основал Мугалската империја, која ги опфаќала териториите на денешен Авганистан, Пакистан, Индија и Бангладеш. Сепак, неговиот син Хумаун бил поразен од страна на авганистанскиот воин Шер Шах Сури во 1540-та година, и Хумаун бил принуден да се повлече во Кабул. По смртта на Шер Шах, неговиот син Ислам Шах Сури и Хинду кралот Самрат Хем Чандра Викрамадитја, добиле 22 битки против авганистанските бунтовници и силите на Акбар, од Пенџаб до Бенгал и воспоставиле секуларно Хинду владеење во Северна Индија од Делхи кое траело до 1556-та година. Силите на Акбар го поразиле и убиле Хему во Втората Битка на Панипат на 6-ти ноември 1556-та година.

Мунгалската династија завладеала со поголемиот дел од Индискиот потконтинент до 1600-та година, но почнала бавно да опаѓа по 1707-ма година. Мунгалците претрпеле силен удар поради инвазиите од Маратанците и Авганистанците, поради што Мунгалската династија била сведена на владетели- марионети до 1757-ма година. Остатоците од Мунгалската династија конечно биле поразени за време на Индискиот бунт од 1857-ма година, исто така познат и како “Војната за Независност” од 1857-ма година. Овој период, во кој Хинду мнозинството било владеено од страна на Мугалските императори, повеќето од кои покажале верска толеранција и либерално изразување на Хинду културата, бил одбележан со огромна социјална промена на потконтинентот. Познатиот император Акбар, кој бил внук на Бабар, се обидел да воспостави добри односи со Хиндусите. Меѓутоа, подоцнежните императори, како Аурангазеб, се обиделе да воспостават целосна муслиманска доминација. Како резултат на тоа, неколку историски храмови биле уништени за време на овој период и се наметнувале даноци за оние кои не биле муслимани. Во времето на опаѓање на Мугалската Империја, неколку помали држави се здружиле за да се пополни вакуумот во власта и самите тие придонеле за падот на империјата. Во 1739-та година, Надер Шах, императорот на Иран, ја поразил Мугалската армија во огромната Битката кај Карнал. По оваа победа, Надер го покорил Делхи и запленил многу богатства, вклучувајќи го и Престолот Паун.

Мугалците веројатно биле најбогатата единствена династија која што некогаш постоела. За време на ерата на Мунгалците, доминантните политички сили се состоеле од Мугалската Империја и нејзините даночници, а подоцна, од државите наследнички во подем - вклучувајќи ја и Марата империјата - која се борела со значително ослабената Мугалска династија. Мугалците, кои често применувале брутални тактики за да ја држат потчинета својата империја, воделе политика на интеграција со индиската култура и тоа бил клучниот фактор што придонел да бидат успешни, во што не успеале краткотрајните Султанати од Делхи. Акбар Велики бил особено познат по тоа. Акбар прогласил "Амари" или не-убивање на животни во светите денови на Џаинизамот. Тој го вратил џизуа данокот за немуслимани. Мунгалските императори се женеле со локални девојки од кралски семејства, биле во сојуз со локалните Махараџи, и се обиделе да ја измешаат нивната турско-персиска култура со древните индиски стилови, создавајќи ја уникатната индосараценска архитектура. Оваа традиција, во комбинација со зголемената бруталност и централизација, била ерозијата која во голема мера придонела за пропаст на династијата по Аурангазеб, кој за разлика од претходните императори, наметнал релативно не-плуралистички политики за општата популација, кои често предизвикувале револт кај мнозинското Хинду население.

Пост-Мугалски период[уреди | уреди извор]

Империја Марата[уреди | уреди извор]

Пост-Мугалската ера била доминирана од подемот и суверенитетот на Марата и појавата на други помали држави во регионот (најчесто доцните Мугалски даночни држави), а исто така и од зголемените активности на Европските сили (прочитајте подолу за колонијална ера). Не постои сомнеж дека единствената најважна сила која што се појавила на залезот на Мугалската династија била токму Марата Империјата. Марата краството било основано и консолидирано од Шиваи, аристократ од Марата, припадник на Бонсле кланот, кој бил решен да воспостави Хиндави Свараја (само-владеење на Хинду луѓето). До 18-тиот век, таа се трансформирала во Империја Марата во која владееле Пешваси (премиери). Гордон објаснува како Марата систематски ја превземала контролата над висорамнината Малва од 1720 до 1760 година. Тие започнале со годишни напади, собирајќи откуп од села и градови, додека Мугалската Империја која што била во пад се уште имала номинална контрола. Сепак, во 1737 година, Маратанците ја поразиле Мугалската војска во нивниот главен град Делхи, и како резултат на тоа, Мугалскиот император ја отстапил висорамнината Малва за нив. Маратанците ги продолжиле своите воени походи против Мугалската Империја, Низам, Наваб на Бенгал и империјата Дурани за уште повеќе да ги прошират своите граници. Тие изградиле ефикасен систем на јавна администрација кој бил познат по своето посветување внимание на детали. Тој придонел за зголемување на приходите во областите што закрепнувале од годишните напади, до степен до кој претходно уживале додека владееле Мугалците. Камен темелникот на владеењето на Марата во Малва почивал на приближно 60-те локални собирачи на данок (камавишдари) кои на владетелот на Марата '(Пешва)‘ му давале дел од приходите од своите области од интерес. До 1760-та година, Марата Империјата се протегала практично преку целиот потконтинент. Поразот на Маратанците од страна на Британците во три Англо-Маратански војни довело до крај на империјата во 1820-та година. Последниот пешва, Баји Рао II, бил поразен од Британците во третата Англо-Маратанска војна.

Империја на Сиките (Северо-запад)[уреди | уреди извор]

Пенџапското кралство, владено од членови на религијата на Сиките, било политички субјект кој управувал со регионот на денешен Пенџаб. Империјата, основана околу регионот на Пенџаб, постоела од 1799 до 1849. Таа била изградена врз темелите на Калша, под раководство на Махараџата Ранјит Синг (1780-1839) со низа од автономни пенџабски елементи. Тој консолидирал многу делови од северна Индија во кралството. Тој главно ја користел неговата високо дисциплинирана Сикијанска армија која што ја обучувал и опремувал да биде еднаква на европските сили. Ранјит Синг се покажал како врвен стратег и избрал добро квалификувани генерали за неговата војска. Во различни фази, тој ги додал централен Пенџаб, провинциите Мултан и Кашмир, Пешаварската Долина и Дерајат на неговото кралство. Тој дошол во лицето на моќната Британска Источно Индиска Компанија. Во својот врв, во 19-тиот век, империјата се протегала од преминот Кибер на запад, до Кашмир на север, до Синд на југ и до Химачал на исток. Ова била една од последните области на потконтинентот кои биле освоени од страна на Британците. Првата и втората Англо-Сикиска војна го означиле падот на империјата на Сиките.

Други кралства


Постоеле и неколку други кралства кои владееле над делови од Индија во подоцнежниот средновековен период пред Британската окупација. Сепак, повеќето од нив биле обврзани да плаќаат редовни даноци на Маратанците. Владеењето на династијата Водејар која го формирала Кралство Мајсур во јужниот дел на Индија, некаде околу 1400-тата г.н.е. било прекинато од страна на Хајдер Али и неговиот син Типу Султан во доцнежната половина од 18-тиот век. Под нивно владеење, Кралството Мајсур се борело во серија од војни, понекогаш против комбинираните сили на Британците и Маратанците, но најмногу против Британците, при што кралството добивало некаква помош или ветувања за помош од Французите. Навабите од Бенгал станале де факто владетели на Бенгал по падот на Мугалската Империја. Сепак, нивното владеење било прекинато од страна на Маратанците кои извршиле шест експедиции во Бенгал од 1741 до 1748 година, и како резултат на тоа Бенгал станал вазалска држава на Маратанците. Кралството Хидерабад било основано од страна на Кутиб Шахи династијата од Голконда во 1591 година. По кратко Мугалско владеење, Асиф Џа, официјален претставник на Мугал, ја превземал контролата над Хајдерабад и се прогласил себеси за Низам-ал-Мулк на Хајдерабад во 1724 година. Кралството Хидерабад било управувано од наследни Низами од 1724 до 1948 година. Мајсур и Хајдерабад станале кнежевски држави во Британска Индија. Некаде околу 18-тиот век, се основан денешен Непал од страна на Гурките.

Колонијална ера[уреди | уреди извор]

Во 1498 година, Васко де Гама успешно открил нов поморски пат од Европа до Индија, кој го отворил патот за директна индоевропска трговија. Португалците наскоро поставиле трговски места во Гоа, Даман, Диу и Бомбај. Следни пристигнале Холанѓаните, Британците - кои формирале трговски места на пристаништето Сура на западниот брег во 1619 година - и Французите. Внатрешните конфликти помеѓу Индиските кралства отвориле можност европските трговци постепено да воспостават политичко влијание и да завземат територии. Иако овие континентални европски сили контролирале различни крајбрежни региони од јужна и источна Индија во текот на наредниот век, тие на крајот ги загубиле сите своите територии во Индија од Британските островјани, со исклучок на Француските позиции во Пондичери и Чандернагоре, Холандското пристаниште Траванкоре и португалските колонии Гоа, Даман и Диу.

Компанија владее во Индија[уреди | уреди извор]

Во 1617 година на Британската Источно Индиска Компанија и била дадена дозвола од страна на Мугалскиот император Џахангир да тргува во Индија. Постепено нејзиното зголемено влијание придонело законскиот Мугалски император Фарук Сујар на оваа компанија да и дадае дастаки или дозволи за слободна трговија во Бенгал во 1717 година. Навабот од Бенгал Сирај Уд Даула, де факто владетел на покраината Бенгал, се спротивставил на Британските обиди да ги искористат овие дозволи. Првата Карнатичка Војна траела од 1746 до 1748 година и била резултат на колонијалната конкуренција помеѓу Франција и Велика Британија, двете земји се вклучиле во Војна за Австриското Наследство. По заробувањето на неколку Француски бродови од Британската флота во Индија, Француски војници го нападнале и поробиле Британскиод град Мадрас кој се наоѓал на источниот брег од Индија на 21-ви септември 1746 година. Помеѓу затворениците заробени во Мадрас бил и самиот Роберт Клајв. Војната на крај завршила со Договорот од Аикс-ла-Чапел кој ја завршил Војната за Австриското Наследство во 1748 година. Во 1749 година, Втората Карнатичка Војна избувнала како резултат на војната помеѓу син, Насир Јунг, и внук, Музафер Јунг, за превземање на Низам тронот на починатиот Низам-ул-Мулк во Хајдерабад. Французите во оваа граѓанска војна го поддржале Музафер Јунг. Како резултат на тоа, Британците во овој конфликт го поддржале Насир Јунг. Во меѓувреме, сепак, конфликтот во Хајдерабад му пружил можност на Чандра Шахиб да ја преземе власта како нов Наваб од територијата на Аркот. Во овој конфликт, Французите го поддржале Чандра Шахиб во неговиот обид да стане новиот Наваб на Аркот. Британците го поддржале синот на соборениот актуелен Наваб, Анварудин Мухамед Кан, против Чандра Шахиб. Во 1751 година, Роберт Клајв ги предводел Британските вооружени сили и го завземал Аркот за да го врати на актуелниот Наваб. Втората Карнатичка војна конечно дошла до крај во 1754 година со Договорот од Пондичери. Во 1756 година, седум годишна војна избувнала помеѓу големите сили на Европа, а Индија станала сцена на која што се одвивала акцијата, која била наречена Трета Карнатичка војна. На почетокот од оваа војна, вооружени сили под раководство на Француската Источно Индиска Компанија ја завземале Британската база во Калкута во северо-источниот дел од Индија. Сепак, вооружени сили под водство на Роберт Клајв подоцна повторно ја завземале Калкута а потоа извршиле притисок за да ја завземат Француската колонија во Чанданагар во 1757 година. Ова довело до битката на Пласиј на 23-ти јуни 1757 година, во која Бенгалската Армија на Источно Индиската компанија, предводена од Роберт Клајв, ги поразила силите на Наваб кои биле поддржани од Француските сили. Ова било првото реално политичко тло со територијални импликации кое Британците го стекнале во Индија. Клајв бил назначен од страна на компанијата како нејзин прв “Гувернер од Бенгал” во 1757 година. Ова било комбинирано со Британски победи над Французите во Мадрас, Вандиваш и Пондичери кои заедно со пошироките Британски успеси за време на седум годишната војна, го намалиле Француското влијание во Индија. Така, како резултат на трите Карнатички војни, Британската Источно Индиска Компанија добила ексклузивна контрола над целиот Карнатички регион во Индија. Британската Источно Индиска Компанија ја проширила својата контрола над целата територија на Бенгал. По Битката кај Бухар во 1764 година, компанијата ги добила правата за владеење во Бенгал од Мугалскиот император Шах Алам II; ова го означило почетокот на нејзиното поранешно владеење, кое во текот на следниот век го зафатило поголемиот дел од Индија и го згаснало Мугалското владеење и Мугалската династија. Источно Индиската компанија ја монополизирала трговијата во Бенгал. Тие вовеле даночен систем за земјиште наречен Постојана Населба кој вовел еден вид на феудална структура во Бенгал, често со назначени земјопоседници. До 1850-тите, Источно Индиската Компанија го контролирала поголемиот дел од Индискиот потконтинент, вклучувајќи ги денешен Пакистан и Бангладеш. Нејзината политика понекогаш се сведувала на принципот Раздели и Владеј, искористувајќи ја предноста од непријателството помеѓу разните кнежевски држави и социјалните и религиозните групи. Хинду Кралството Ахом од северо-источна Индија најпрво потпаднало под инвазија на Бурма а потоа под инвазија на Британците по Договорот од Јандабу во 1826 година.

Бунтот од 1857 година и неговите последици[уреди | уреди извор]

Индискиот бунт од 1857 година бил бунт од големи размери предизвикан од страна на војници вработени во Британската Источно Индиска Компанија во северна и централна Индија, а бил насочен против владеењето на Компанијата. Бунтовниците биле неорганизирани, имале различни цели и биле слабо опремени, предводени и обучени и немале надворешна поддршка или финансирање. Тие биле брутално потиснати и Британската влада ја превземала контролата над Компанијата при што елиминирала голем дел од поплаките што го предизвикале бунтот. Владата, исто така, била решена да задржи целосна контрола така што бунт од такви размери никогаш да не се случи повторно. Таа ги фаворизирала кнежевските држави (кои помогнале во задушувањето на бунтот), и ги фаворизирала Муслиманите (кои помалку се бунтувале) наспроти Хиндусите кои доминирале во бунтот. Како последица, сета власт била префрлена од Источно Индиската Компанија на Британската Круна, која започнала да владее со поголемиот дел од Индија како и со голем број на провинции; земјиштето на компанијата Џон било директно контролирано, а имала и значително индиректно влијание над остатокот од Индија, која се состоела од кнежевски држави владеени од страна на локални кралски семејства. Официјално во 1947 година постоеле 565 кнежевски држави, но само 21 од нив имале вистински државни влади, а само три биле големи (Мајсур, Хајдерабад и Кашмир). Тие биле апсорбирани во независната нација во 1947-1948.

Британски Раџ[уреди | уреди извор]

Реформи[уреди | уреди извор]

Кога Лордот Керзон (поткрал 1899-1905) ја превземал контролата над високото образование ја поделил големата провинција Бенгал на голема западна Хинду половина и на "Источен Бенгал и Асам", што во голема мера била источна муслиманска половина. Целта на Британците била ефикасна администрација, но Хиндусите биле навредени од очигледната "раздели па владеј" стратегија. Кога Либералната партија дошла на власт во Британија во 1906 година тој бил отстранет. Новиот поткрал на Индија, Гилберт Минто и новиот државен секретар за Индија Џон Морли биле во консултации со лидерот на конгресот Гопал Кришна Гохал. Морли-Минто реформите од 1909 година овозможиле Индиско членство во провинциските извршни совети како и во извршниот совет на поткралот. Кралскиот Законодавен Совет бил проширен од 25 на 60 членови и биле поставени одделни застапници на муслиманската заедница во драматичниот чекор кон претставителна и одговорна влада. Бенгал повторно бил обединет во 1911 година. Во меѓувреме муслиманите за прв пат почнале да се организираат, создавајќи ја Лигата за Сите Муслимани во Индија во 1906 година. Таа не била масовна партија, но била создадена за да ги заштити интересите на аристократските муслимани, особено на северо-запад. Таа била интерно поделена од спротивставените послушници на Исламот, Британија, Индија и од недовербата на Хиндусите.

Глад[уреди | уреди извор]

За време на Британскиот Раџ, гладот во Индија, најчесто се препишува како заслуга на неуспешните владини политики, кои биле едни од најлошите што воопшто постоеле, вклучувајќи го големиот глад од 1876 до 1878 во кој умреле помеѓу 6.100.000 и 10.300.000 лица како и Индискиот глад од 1899 до 1900 во кој умреле помеѓу 1,25 и 10.000.000 лица. Третата пандемија на чума започнала во Кина во средината на 19-тиот век, ширејќи чума на сите населени континенти, при што само во индија умреле 10 милиони луѓе. И покрај постојаните болести и глад, населението на Индискиот потконтинент, кое изнесувало околу 125 милиони во 1750 година, достигнало 389 милиони до 1941 година.

Индиското движење за независност[уреди | уреди извор]

Бројот на Британците во Индија бил мал, но и покрај тоа тие биле способни да владеат со две третини од потконтинент и непосредно да вршат значително влијание врз кнежевските држави кои ја сочинувале преостанатата една третина од регионот. Постоеле 674 вакви држави во 1900-та година, со население од 73 милиони жители, или едно лице на пет. Во принцип, кнежевските држави биле силни поддржувачи на Британскиот режим, па Раџот ги оставил на мира. Тие конечно престанале да постојат во 1947-1948. Прв чекор кон Индиската самоуправа било назначувањето на советници да го советуваат британскиот поткрал, во 1861 година, првиот Индиец бил назначен во 1909 година. Исто така биле поставени провинциски совети со Индиски членови. Учеството во советите подоцна било проширено и во законодавните совети. Британците изградиле голема Британско Индиска армија, во која имало само Британски високи офицери, а голем дел од војниците биле од мали малцински групи како Гуркасите од Непал и Сиките. Државната служба се повеќе била исполнета со староседелци на пониските позиции, додека Британците ги држеле високите позиции. Од 1920 година, лидерите како Мохандас Карамчанд Ганди започнале мошне популарни масовни движења во кампањата против Британскиот Раџ, користејќи главно мирни методи. Некои други примениле милитантен пристап и се обиделе да го соборат Британското владеење со вооружена борба; на Индискиот потконтинент започнале да се одвиваат револуционерни активности против Британската власт. Движењата за независност против Британското владеење предводени од Ганди содржеле ненасилни методи, како несоработка, граѓанска непослушност и економски отпор. Овие движења ја постигнале својата цел и успеале да донесат независност на новите територии на Индија и Пакистан во 1947 година.

Независност и поделба[уреди | уреди извор]

Заедно со желбата за независност, тензиите помеѓу Хиндусите и Муслиманите исто така се развивале во текот на годините. Муслиманите секогаш биле малцинство во рамки на потконтинентот, па изгледите за формирање на Хинду влада предизвикале да бидат претпазливи во однос независноста. Тие имале недоверба во Хинду владеењето, а воедно се противеле и на странскиот Раџ, иако Ганди повикал на единство помеѓу двете групи во неверојатен приказ на лидерство. Британците, екстремно ослабени од Втората Светска Војна, ветиле дека ќе си заминат и учествувале во формирањето на привремена влада. Британските Индиски територии стекнале независност во 1947 година, откако биле поделени на Унија на Индија и Доминион на Пакистан. По контроверзната поделба на предходно поделените Пенџаб и Бенгал, избувнале безредија помеѓу Сиките, Хиндусите и Муслиманите во овие провинции и се прошириле во неколку други делови од Индија, оставајќи зад себе околу 500.000 мртви. Исто така, овој период сведочи за една од најголемите масовни миграции што воопшто се запишани во модерната историја, со вкупно 12 милиони Хиндуси, Сики и Муслимани кои се движеле помеѓу новосоздадените држави на Индија и Пакистан (кои се здобиле со независност на 15-ти и 14-ти Август 1947, соодветно). Во 1971 година, Бангладеш, кој претходно бил на територија на Источен Пакистан и Источен Бенгал, се издвоил од Пакистан.

Историографија[уреди | уреди извор]

Во последниве децении постоеле четири главни училишта за историографијата на Индија: Кембриџ, Националистичко, Марксистичко, и подредено. Некогаш заедничкиот "Ориенталистички" пристап, со неговата слика за чувствителната, необјаснива и целосно духовна Индија, изумрел во сериозните науки. "Кембриџ Училиштето" предводено од Анил Сил, Гордон Џонсон, Ричард Гордон, и Дејвид А. Вашбрук, ја минимизирало идеологијата. Националистичкото училиште се фокусирало на Конгресот, Ганди, Нехру и високото политичко ниво. Го нагласувало Бунтот од 1857 како војна за ослободување и "Отказот од Индија” на Ганди започнат во 1942 година, за дефинирање на историските настани. Во поново време, Хинду националистите создале нова верзија на историјата за училиштата за поддршка на нивните барања за "Хиндутва" ("Хиндуизам") во Индиското општество. Марксистите се фокусирале на студиите за економскиот развој, земјопоседството и класниот конфликт во предколонијална Индија, како и на деиндустријализацијата за време на колонијалниот период. Марксистите го прикажувале движењето на Ганди како средство со кое буржоаската елита ги искористила популарните, потенцијални револуционерни сили за сопствени потреби. "Подреденото училиште", било започнато во 1980 година од страна на Ранајит Гуха и Гјан Пракаш. Тоа не се занимавало со проучување на елитата и политичарите, туку своето внимание го фокусирало на "историјата одоздола", гледајќи го користењето на фолклорот на селаните, поезијата, гатанките, поговорките, песните, усната историја и методите инспирирани од антропологијата. Тоа се фокусирало на колонијалната ера пред 1947 и обично ги нагласувало кастите и ги минимизирало класите, заради незадоволството од Марксистичкото училиште.