Искра Донева
Биографија
[уреди | уреди извор]Искра Донева е родена на 20 јули 1983 во Скопје, каде завршила основно образование и природно-математичка гимназија. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а на ФОН магистрирала на студиите по политички науки и дипломатија и по македонски јазик. Таа е член на поетскиот кружок „Мугри“, како и на клубот „Унеско: Живите јазици - прозорец кон светот“.[1] [2] [3]
Творештво
[уреди | уреди извор]Искра Донева започнала да пишува и да објавува поезија на седумгодишна возраст. Во 2000 година излегла нејзината прва збирка поезија „Говорот на срцето“. Исто така, таа објавува поезија и во списанијата: „Огледало“, „Феникс“, „Мравка“, „Спектар“, „Наше писмо“, како и во електронските списанија „Мираж“ (www.mirage.com.mk) и „Литернет“ (http://liternet.bg). Нејзини песни се преведени на англиски, полски, бугарски и француски јазик, а таа се занимава и со превод од англиски и француски јазик.[1]
Донева а авторка на следниве дела:[4] [5]
- „Говорот на срцето“ (поезија, 2000)
- „Кој ќе ги згрее птиците“ (хаику, 2006)
- „Небеска раскрсница“ (хаику, 2009)
- „Скакулче игра плочка“ (хаику, 2013)
- „Татко“ (хаику, 2013)
- „Лазарополски хаикуа“ (хаику, 2013)
- „Јас, принцеза од бајки“ (2014)
- „Калеидоскоп“ (хаику, 2015)
- „Љубовни далги“ (хаику, 2015)
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Искра Донева, Небеска раскрсница, Магор, 2009, стр. 106.
- ↑ „МКД, „Друштвото на писатели го прошири своето членство со пет современи автори" (пристапено на 1.3.2025)“. Архивирано од изворникот на 2025-03-01. Посетено на 2025-03-01.
- ↑ Радмила Заревска, „Искра Донева се подготвува да направи 1.927 чекори за да победи болеста“ (пристапено на 1.3.2025)
- ↑ „МКД, „Друштвото на писатели го прошири своето членство со пет современи автори" (пристапено на 1.3.2025)“. Архивирано од изворникот на 2025-03-01. Посетено на 2025-03-01.
- ↑ Искра Донева, Љубовни далги. Скопје, 2015, стр. 114.