Прејди на содржината

Ирина Привалова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ирина Привалова
Медали

Ирина Привалова
Женска атлетика
Натпреварувач за
Сребрен медал – второ место 1992 Барселона штафета 4x100m
Бронзен медал – трето место 1992 барселона 100m
Натпреварувач за  Русија
Златен медал - прво место 2000 Сиднеј 400m со пречки
Бронзен медал – трето место 2000 Сиднеј штафета 4x400m
Светски првенства
Златен медал - прво место1993 Штутгартштафета 4x100m
Сребрен медал – второ место1991 Токиоштафета 4x100m
Сребрен медал – второ место1993 Штутгартштафета 4x400m
Сребрен медал – второ место1995 Гетеборг200m
Бронзен медал – трето место1993 Штутгарт200m
Бронзен медал – трето место1995 Гетеборг100m
Европски првенства
Златен медал - прво место1994 Хелсинки100m
Златен медал - прво место1994 Хелсинки200m
Златен медал - прво место1998 Будимпешта200m
Сребрен медал – второ место1994 Хелсинкиштафета 4x100m
Сребрен медал – второ место1998 Будимпешта100m
Бронзен медал – трето место1998 Будимпешташтафета 4x100m

Ирина Анатолиевна Привалова родена како Ирина Анатолиевна Сергеева (родена на 22 ноември 1968 во Малаховка) (руски: Ирина Анатольевна Привалова, Сергеева) е руска атлетичарка и освојувач на повеќе Олимписки медали.

Кариерата ја започнала како натпреварувачка главно на 100 и на 200m. Во тие дисциплини, Ирина освоила многу медали на големите атлетски натпреварувања. Настапувајќи во овие дисциплини, таа освоила само едно злато и тоа како дел од штафетата на Русија 4х100m на Светското првенство во атлетика - 1993 одржано во Штутгарт. Таа исто така постигнала и забележителни резултати на Европските првенства со освоени 2 злата на 200 и едно на 100m. Во подоцнежниот дел од својата кариера, Ирина се пренасочи главно во трката на 400m со пречки. Во оваа дисциплина, таа на Летните олимписки игри - 2000 одржани во Сиднеј со време од 53,02s го освои своето прво Олимписко злато, а како дел од штафетата на Русија 4х400m го освои својот втор бронзен медал на Олимписките игри.

Покрај своите настапи на отворено, Ирина во својата кариера има постигнато и збележителни резултати во сала, на трките на 60, 200 и 400m. Таа исто така е и светска рекордерка во трката на 60m во сала со време од 6,92s.