Индоокеански Вител
Индоокеански Вител — вител во Индискиот Океан и еден од петте главни океански витли, големи системи на ротирачки океански струи, кои заедно го формираат ’рбетот на глобалната проводна лента. Индоокеанскиот Вител се состои од две главни струи: јужна екваторска струја и западна австралиска струја.
Нормално движејќи се спротивно од стрелките на часовникот, во зима Индоокеанскиот Вител ја менуваат насоката поради сезонските ветрови на јужноазискиот монсун. Во лето, земјата е потопла од океанот, така што површинските ветрови дуваат од океанот до копното. Меѓутоа, во текот на зимата, овие температури се менуваат, правејќи ветровите да дуваат од копно до океанот. Бидејќи поголемиот дел од градиентот на воздушниот притисок е задржан зад тибетската висорамнина, градиентите на воздушниот притисок над Индискиот Океан и вителот се мали. Ова резултира со ветрови со умерена јачина, поради заштитата од ветровите со полна сила што дуваат од монголскиот регион со висок притисок. Поради овие умерени, суви ветрови, сезоната на зимски монсуни во регионот на Индискиот Океан е сушна сезона за поголемиот дел од Јужна Азија. Поради овој сезонски циклус на ветер, струите на Индискиот Океан, кои го сочинуваат обрачот на Индискиот Океан, се директно засегнати, предизвикувајќи пресврт.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Tomczak, Matthias & J. Stuart Godfrey: Regional Oceanography: and Introduction 2nd Edition. (2003). ISBN 8170353068
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Океански струи Архивирано на 20 јануари 2022 г.