Индекс на забранетите книги
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Индекс на забранетата книга (лат.Index Librorum Prohibitorum) е збирка на публикации кои биле забранети според Римокатоличката црква. За првпат, збирката била издадена од страна на папата Павле IV во 1559. Тоа бил период на почетокот на контрареформацијата, а и збирката главно била насочена против делата на протестантските писатели. Подоцна, во збирката биле опфатени многу повеќе еретички и слободоумни дела. Нивното читање им било забрането на католичките верници. Во индексот на забранети книги биле и едни од Коперник, Кеплер и други познати научници, француски енциклопедисти, либерални политичари и други.
Последното 32 издание на збирката е издадено во 1948. Во него биле содржани околу 4.000 книги и записи за нешто што се сметало за еретичко, неморално, што содржи елементи на порнографија и е политички некоректно.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Целосен список на забранети книги, 32 издание, 1948 Архивирано на 1 септември 2015 г.
- Извесни автори, наведени во списокот Архивирано на 30 август 2014 г.
- «Index of Prohibited Books» Католичка енциклопедија, 1913
|