Прејди на содржината

Имигрантка (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Имигрантка (англиски: The Immigrant) е американски филм од 2013 година, во режија на Џејмс Греј. Главните улоги ги толкуваат: Марион Котијар и Жоаким Феникс. Филмот е добитник на 10 награди, а имал и осум номинации, вклучително и за „Златната палма“.[1]

Улоги и режисер на 2013 Канскиот филмски фестивал.

The Immigrant screened at the 2013 Cannes Film Festival

Содржина

[уреди | уреди извор]

Во 1921 година, во потрага по нов живот и остварување на американскиот сон, младата Полјачка, Ева Цибулски (ја игра Котијар) и нејзината сестра Магда патуваат од Полска за Њујорк. Кога пристигнуваат на островот Елис, лекарите ѝ кажуваат на Магда дека е болна и поради тоа ги разделуваат сестрите. Наеднаш, Ева се наоѓа на безмилосните улици на Менхетен, а Магда ја задржуваат во карантин. Сама и без заштита, Ева станува лесен плен за шармантниот криминалец Бруно (го игра Феникс), кој ја присилува на проституција.[2]

  1. IMDb, The Immigrant (2013) (пристапено на 3.1.2015)
  2. Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 23.