Илија Прангоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1954
Селци, Струшко
Починал 7 мај 2013
Охрид, Македонија Македонија
Занимање примариус кардиолог


Илија Прангоски (Селци, Струшко, 1954 - Охрид, 7 мај 2013) бил виден македонски кардиолог со звање примариус и пратеник во Македонското Собрание[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Прангоски е роден во 1954 година во струшкото село Селци.. Дипломирал на Медицинскиот Факултет - Скопје во 1979 година. Специјализација по интерна медицина завршил на Медицински факултет - Скопје во 1987 година. Супспецијализација по Кардиологија обавил од 2002 до 2004 година. Бил раководител на одделот за функционална дијагностика на миокардот во Заводот за кардиоваскуларни заболувања. Бил член на Македонското и Европското здружение на кардиолози, потпретседател на Македонско Здружение на Кардиолози (2002-2006), член на Управен Одбор на Македонско Здружение на Кардиолози (2006-2010.) и претседател на управниот Одбор на Здружение на лекари - Охрид. Од 1998 до 2002 година бил пратеник во македонското Собрание во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Починал ненадејно на 7 мај 2013 година во Охрид.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пратенички состав 1998-2002“ (Македонски). Собрание на Македонија. 
  2. „In memoriam: Почина д-р Илија Прангоски“ (Македонски). Ohrid News. 07.05.2013 12:39. конс. 2013-05-07.