Илија Зимбо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Илија Зимбо (Охрид, 10 октомври 1969 - Скопје, 30 ноември 2011) бил истакнат македонски солист, камерен музичар и прв флејтист во оркестарот на Македонската опера и балет.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Зимбо е роден на 10 октомври 1969. Потекнува од Охрид, но се школувал во Скопје и во Љубљана, Словенија[2]. Концертната биографија на Зимбо вклучува бројни настапи како солист, камерен музичар, но и настапи со оркестри во Македонија и Европа. Неговиот репертоар како солист вклучува богат репертоар кој ги опфаќа сите музички епохи, од барокот се до современата музика. Голем дел од македонските композитори имаат напишано дела специјално за него, меѓу нив и Зографски, Шахов, Бранѓолица и Манчев. Реализира повеќе тонски и видеозаписи за Македонската радио телевизија. Соработувал со професори како Рупел, Рампал, Марион, Превишиќ, Кесиќ, Арто и други.

Зимбо редовно настапувал во Франција, Италија, Австрија, Романија, Словенија, Германија. Бил член на меѓународни жирија, а учествувал и на престижни натпревари за флејта во Европа. Во 2000 година победил на меѓународниот конкурс „Ровере доро“ во Италија. Зад него стоеле раководните куќи „Музика вива“ (Musica Viva) од Виена и Фондацијата „Кнез Алберт“ (Prince Albert) од Монако.

Починал во Скопје на 30 ноември 2011 година и зад себе ги оставил сопругата Андријана со две деца Гала и Давид. Погребан е во родниот Охрид.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Почина познатиот флејтист Илија Зимбо“ (македонски). Inpress. Скопје, 30 ноември 2011. конс. 2011-11-30. 
  2. Мисиркова и Зимбо со Камерниот на МОБ“, Вест, 30 јуни (посет. 30 ноември 2011 г). (на македонски)